Ален Гинзберг

Супермаркет во Калифорнија

Какви ли не мисли ми доаѓаат ноќва, Волт Витмен, оти одев по споредни улици под дрвореди со главоболка свесен за себе гледајќи во полната месечина.
Со мојот гладен замор, во купувачка на слики, влегов во супермаркет за овошје осветлен со неон, сонувајќи за твоите набројувања!
Какви ли праски и какви полусенки! Цели семејства што купуваат ноќе! Премини полни со мажи! Сопругите меѓу адвокатите, бебиња меѓу патлиџаните! – а ти, Гарсија Лорка, што правеше кај лубениците?

Те видов Волт Витмен, бездетен, осамен стар храноловец, како буричкаш меѓу масата во фрижидерите и зјапаш во младите продавачи.
Те учев како секого од нив го прашуваш: Кој ги заклал свинските кременадли? Колку чинат бананите? Дали си ти мој Ангел?
Лунѕав меѓу блештукавите рафтови со конзерви следејќи те, а во мислите ме прогонуваше детективот на продавницата.
Заедно проскитавме крај редовите во нашата осамена мечта пробувајќи артишоки, присвојувајќи секаков вид замрзнати деликатеси, воопшто не минувајќи крај касиерот.

Каде одиме, Волт Витмен? Вратите се затвораат по еден час.
Каде е насочена твојата брада вечерва?
(Ја допирам твојата книга и мечтаам за нашата одисеја во супермаркетот и се чувствувам апсурдно)
Ќе одиме ли цела ноќ по осамени улици? Дрвјата редат сенка врз сенка, светилките згаснати по куќите, обајцата ќе бидеме осамени.
Ќе лунѕаме ли сонувајќи за исчезнатата Америка на љубовта крај сините автомобили пред влезовите, враќајќи се во нашата тивка куќичка?
Ах, драги оче, белобрад, осамен стар учителе на храброста, каква Америка си имал кога Харон престанал да го турка со стап скелето и кога ти си излегол на зачаденото крајбрежје и си стоел набљудувајќи како чамецот се губи во црните води на Лета?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©