| Богомил Ѓузел
Роден е во Чачак, Србија, 1939 година. Поет, раскажувач, драмски писател, есеист, преведувач. Завршил студии на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Ги превел делата на Шекспир, Одн и Елиот. Бил директор на „Струшките вечери на поезијата“. Еден е од основачите на Независните писатели на Македонија. Дела: „Медовина“ (1962), „Алхемиска ружа“ (1963), „Мироносци“ (1965), „Одисеј во пеколот“ (1969), „Бунар во времето“ (1972), „Тркало на годината“ (1977), „Стварноста е сѐ“ (1980), „Опсада“, (1981), „Празен простор“ (1982), „Мрак и млеко“ (1986), „Рушејќи го ѕидот“ (1989), „Одбрани песни“ (1991), „Гол живот“ (1994), „Хаос“ (1998), „Она“ (2000); есеи: „Историјата како маштеа“ (1969); проза: „Куќа цел свет“ (1975), „Митостории“ (три драми) (1982), „Легенди“ (1984), „Одбрана поезија“ (1962-2002), 2002.