|Веле Смилевски
Веле Смилевски е роден 1949 година во Ново Село, Демирхисарско. Поет, литературен критичар и есеист. Доктор по филолошки науки. Работи како научен советник ви Институтот за македонска литература и е професор на Студиите по новинарство на Правниот факултет во Скопје. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата и претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Член е на Македонскиот ПЕН центар. Бил уредник во издавачката куќа „Мисла“ и на списанието „Разгледи“.Автори е на поетските книги: „ Слика што согорува“, „Кафез“, „Диши длабоко“ „Одѕив на здивот“, „Гребнатинки“ и други.
КОНЦЕПТ ЗА КНИГА
Ниту една книга не може да биде
Забранета книга
Ветувањето на кладата
Постепено не внесува
Во делот
На ненапишаното.
Затоа
Ниту имало ниту ќе има
Забранета книга.
Но помислата
Да ја исклучиме можноста
За забрана
Е крик
или
Идеја за тестамент
За книга што ќе ја доживее
Слободата за читање
Потребата
Да ја кажеме оваа вистина
Не качува на високо
Слегување од таму нема.