| Владимир Мартиновски

Vladimir-Martinovski

Владимир Мартиновски (1974) e поет, раскажувач, книжевен теоретичар, преведувач.  Работи како доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот факултет, а докторирал на Универзитетот Париз 3 –  Нова Сорбона. Автор е на книгите: „Од слика до песна – интерференции меѓу македонската современа поезија и ликовните уметности“ (студија, 2003), „Морска месечина“ (хаику и танка, 2003), „Скриени песни“ (хаику, 2005), „И вода и земја и оган и воздух“ (хаику, 2006), „Споредбени триптиси“ (студии и есеи, 2007), „Les Musées imaginaires“, (студија, 2009), „Ехо од бранови“ (хаибуни, 2009), „Слики за читање – аспекти на екфразиската поезија“ (студија, 2009) и „Квартети“ (поезија, 2010). Ги приредил книгите: „Ut pictura poesis – поезијата во дијалог со ликовните уметности, тематски избор од македонската поезија“  (заедно со Нухи Винца, 2006) и „Метаморфози и метатекстови“ (заедно со Весна Томовска, 2008). Добитник е на прва награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“ за 2009 година, како  и на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2010 година.


СВЕТЛОСНА ГОДИНА
ми паднаа пет-шест влакна
а веројатно уште толку се побелени
но ретко кој ќе ја забележи промената
Слушајќи го Малер од вчера до денес
внатре многу нешта се променија
небаре сум одживеал една
цела светлосна година

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©