Мајо Даниловиќ

ГАЗЕЈЌИ ТУЃО И ЗАПУШТЕНО

Далеку порано од што сум роден
(и татко ми мој беше нероден)
некој моето парче Земја ми го зеде,
па по светот талкам газејќи туѓо запуштено,
јас, дојденец на оваа пусти ледини…
И несум едини!

Велат Округла,
А е порамнаа кулаци, бегови и газди.

И така, по светот газам,
пазам кај стапнувам,
каде подзапирам, каде понатака.
Од нигде тргнат, во ништо чекорам,
ниоткаде, од секаде, нозете ми се боси,
каде ли чекорот ме носи,
низ туѓи ливади оди, како да проси.

Штом погледам горе,
ме прати парче од моето Небо
Извишено до мојата Звезда.
Мора да сум и сам озгора
Испаднал од некои гнезда,
и дома не умеам да се вратам.

Чекорам, не знам за лево и десно,
напред и назад, врз брдо низ брдо,
во кожата моја мене ми е тесно
и сё ми е туѓо – оделото од брата,
преку зидови, преку меѓи,
зам мене затворена е секоја втата.

Кога умрам, не служете ми опело
и поради тоа не ќе патам.
Можеби некој, тамо од кај сум роден
со душа чека да се вратам.

Под нивната земја ќе го положат моето тело,
под моето парче Земја кое со векови го арчат,
да ми го земат и моето Небо за да го парчат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©