| Георги Господинов

Георги Господинов (1968), еден од најмногу преведуваните и наградуваните бугарски автори. Своето книжевно деби го има во деведесеттите години со поетските збирки „Лапидариум“ (1992, награда „Саут Спринг“) и „Црешата на луѓето“ (1996, издадена во неколку изданија до денес). Неговите следни поетски збирки се „Писма до Гаустин“, антологиската збирка „Балади и болести“ и најскорешната „Каде што не сме“ (2016, награда „Квил“ за поезија). Неговите песни се застапени во голем број европски и светски антологии, а неговата поезија е објавена во Германија, Македонија, Романија, Чешка, Португалија… Романот „Природен роман“ на Господинов е објавен на над 20 јазици низ светот. Неговиот втор роман „Физиката на жалта“ е добитник на книжевната награда „Јан Михалски“, централно европската награда „Ангелус“, а бил финалист за шест меѓународни награди во Европа и Америка, како „Премио Стрега Еуропео“, „Хаус дер културен дер велт преис“ од Берлин, и наградата за превод од американскиот ПЕН. Романот добил пофалби од „Њујоркер“, „Дие Зеит“, „Либерејшн“ итн. Делото „Свадби на животни и нешта“, е книга за деца напишана и илустрирана заедно со неговата ќерка Раја, објавена во 2015 година. „Слепиот Вајша“ е краток анимиран филм (режија Тео Ушев) базиран врз кратка приказна од книгата на Господинов „И други приказни“, која беше номинирана за Оскар во 2017. Во 2017-2018 Господинов бил добитник на стипендија од „Њујоршката јавна библиотека“ во Центарот Кулман.


Hey Jude, 7`09“

„Хеј Џуд“ е најдолгата бавна песна на светот и
ако за тоа време не успееш да легнеш една жена,
тогаш си најсмотаниот маж во вселената.
Гаустин, VI в одделение

Најдолгата песна што ја пуштавме
траеше точно толку: 7’09”.
7 минути и 9 секунди
со раце наелектризирани
од волната на нејзиниот пуловер.
7 минути и 9 секунди
за најблескавата приказна.
7 минути и 9 секунди
за свеста да ти се сврти
а вие,
а сепак вие
се вртите,
а сепак таа се врти
околу тебе,
а сепак се врти
7 минути и 9 секунди.

Никогаш потоа,
никогаш подоцна,
и воопшто никогаш
(но не знаеш тогаш)
нема да бидеш толку долго
вљубен во една жена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©