Паскал Гилевски
ЗЕМЈА И НЕБО
Заморен врз тревата си лежев
едно попладне под сводот летен.
Тревата ја вееше слаб ветер
и ме полнеше со мила свежест.
А на небото во слика чиста
состав од облаци бели, полни,
како стени прелесни и волни,
кајшто блесна снег од зима блиска.
Така врз тревата лежев морен
и ги гледав облаците горе:
како вчас да запреле, па стојат.
А пак долу, земјата без писок,
чиниш тргнала под сводот висок
и се движи со мислата моја.