UNESCO_Logo

Конкурс
за интернационалната поетска награда
„Мостови на Струга“ 2017

Прослава на Светскиот ден на поезијата во соработка со УНЕСКО

Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО го распишаа конкурсот за интернационалната награда „Мостови на Струга“ 2017, за најдобра дебитантска книга од млад светски автор. Наградата „Мостови на Струга“ е востановена во 2003 година како дел од интензивната соработка со УНЕСКО, а по повод прославата на Светскиот ден на поезијата 21 март, со цел и на овој начин да се поттикне, промовира и афирмира поетското творетво како еден од најзначајните творечки духовни изрази на човештвото. Секоја година СВП и УНЕСКО заеднички го чествуваат овој ден, при што официјално се соопштуваат и промовираат добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“.

Досегашни добитници на наградата биле: Ангело В. Суарез (Филипини) 2004, Андреа Коте (Колумбија ) 2005, Маријана Гејде (Руска Федерација) 2006, Мануа Риме (Белгија) 2007, Антонија Новаковиќ (Хрватска) 2008, Усман Сарус (Сенегал) 2009, Сим Кера (Естонија) 2010, Хироши Таниучи (Јапонија) 2011, Франсоа-Ксавиер Мегр (Франција) 2012, Николина Андова Шопова (Македонија) 2013, Хари Ман (Велика Британија) 2014, Паула Бозалонго (Шпанија) 2015 и Руна Светликова (Белгија) 2016 година.
Конкурсот трае до 5 март 2017, до кога сите ракописи треба да пристигнат на адресата на Струшките вечери на поезијата, или во електронска форма, според пропозиците.

Услови за учество на конкурсот за наградата:
– Дебитантски книги на млади поети (под 35 години);
– Кандидатите треба да испратат 3 копии од книгата со која конкурираат на конкурсот како и најмалку 5 песни преведени на англиски јазик на адресата на Струшки вечери на поезијата (поштенски фах 109, 6330 Струга, Република Македонија, struga@svp.org.mk) или преку Националните комисии за УНЕСКО на државите членки.
– Крајниот рок за пристигнување на книгите на адресата на СВП е 5 март 2017. Апликацијата може да се поднесе и во електронска верзија на адресата на СВП: struga@svp.org.mk во електронски формат со информација за ISBN, а печатената верзија на книгата да пристигне на адресата на СВП најдоцна до крајниот рок на конкурсот.
– Националните комисии за УНЕСКО на државите членки се поканети да ги примат апликациите и за тоа да ги информираат Струшките вечери на поезијата;
– Наградата вклучува статуетка, паричен износ и објавување на книга на поетот –лауреат во превод на македонски јазик;
– Лауреатот ќе биде објавен на Светскиот ден на поезијата, 21 март 2017;
– Поетот–лауреат ќе биде поканет да учествува на изданието на Струшките вечери на поезијата во Струга истата година (23 – 29 aвгуст 2017), каде и ќе му биде врачена наградата на манифестацијата „Мостови“.

Струшки вечери на поезијата и УНЕСКО

Струшки вечери на поезијата

Ул. „Браќа Миладинвци“ бр.5
Поштенски фах 109
6330 Струга
Република Македонија
Тел. +389 46 786 270
struga@svp.org.mk
www.svp.org.mk