Управниот одбор и Дирекцијата на Националната установа – Манифестација „Струшки вечери на поезијата“ – Струга распишуваат:

КОНКУРС

за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга  меѓу двe фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 Јуни 2018 година до 31 Мај 2019 година.

Критериуми за учество:

  • Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик. На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде поетското творештво на македонски е оригинално создадено, односно, не е превод од друг јазик.
  • На конкурсот пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи во согласност со нив.
  • Еден автор или издавач може да учествува со неограничен број наслови.
  • Пријавените поетски книги треба да се првообјавени во периодот за кој се доделува наградата и да не бидат претходно објавени на друг јазик.
  • Избори или книги во кои има препечатени делови од други книги нема да бидат земени предвид.
  • На конкурсот можат да бидат пријавени само дела од еден автор. Коавторски дела се неприфатливи.
  • Книгите мора да имаат ISBN број.
  • Книги од членови на УО на НУМ СВП, директорот на НУМ СВП, вработените или на членови на жири-комисијата и нивни поблиски роднини нема да бидат прифатени.
  • Со учеството на конкурсот се смета дека добитникот ги отстапил авторските и издавачките права на НУМ СВП за употреба во промотивни и некомерцијални цели на целата книга или на делови од истата во оригинал или во превод на други јазици во печатена или дигитална форма, на интернет, како и за други настани поврзани со наградата и наградениот поет.

Конкурсот ќе трае од денот на објавувањето до 20 Јуни 2019 година.

Авторите или издавачите за учество на конкурсот мора да испратат 6 (шест) примероци од книгата на следната адреса:

 

НУ Манифестација„Струшки вечери на поезијата“

Поштенски фах 111

„Браќа Миладиновци“ бр.5

6330 Струга

Република Северна Македонија

 

Kнигите  не се враќаат.

Пријавените книги ќе ги оценува жири-комисија од пет члена.

Паричниот износ на наградата ќе биде дополнително определен.

 

Струга,                                                                        Директор

27.05.2019                                                              Тодорче Тасевски