На манифестацијата „Мостови“ врачени најпрестижните признанија на Струшките вечери на поезијата

Со врачување на најпрестижното признание „Златен венец“ на канадската поетеса,
романсиерка, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд на меѓународниот поетски
митинг „Мостови“ завршија 55-тото јубилејни издание на Струшките вечери на поезијата.
Признанието и говрачи претседателотна Управниот одбор на СВП Славе Ѓорѓо Димоски.
На манифестацијата беа врачени и наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“.
Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2016 година за најдобра поетска книга меѓу две
фестивалски изданија на Струшки вечери на поезијата, на лауреатот Иван Џепароски му ја
врачи претседателката на жири-комисијата за оваа награда, Вера Чејковска.
Директорот на СВП Мите Стефоски ја врачи наградата „Мостови на Струга“ за најдобар поет-
дебитант на Руна Светликова од Белгија.
На поетскиот митинг што се одржа на Мостот на поезијата, на истекот на Црн Дрим покрај
лауреатите своја поезија читаа сите учесници на Фестивалот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©