books-entrepreneur

 

Жири-комисијата за доделување на наградата „ Браќа Миладиновци“ – за најдобра поетска книга на македонски јазик, издадена помеѓу две изданија на Струшките вечери на поезијата, од пристигнатите 46 книги од 45 автори на конкурсот, во потесен избор ги избра следните поетски остварувања (според азбучниот ред на презимињата на авторите):

Морето ми е до колена од Јовица Ивановски
Глагољубни песновиденија од Димитар Пандев
Времено и трајно од Јован Стрезовски
Посланија и риданија од Кочо Топузовски
Светлината на Света Гора од Иван Џепароски

Одлуката на жири комисијата е донесена после првите состаноци во пресрет на педесет и петтото издание на „Струшките вечери на поезијата“. Составот на жири-комисијата, согласно Правилникот за работа, и понатаму останува таен до донесувањето на конечната одлука.

Согласно програмските измени, од минатата година во посебна програмска содржина ќе бидат претставени поетите чии книги се нашле во потесниот избор остануваат ќе имаат можност, на ден официјалното соопштување на добитникот. Добитникот на најпрестижното годишно национално признание за поезија во Македонија, наградата „Браќа Миладиновци“ за 2016, ќе биде соопштен на официјална прес-конференција на жири комисијата која ќе се одржи за време на фестивалот на 26.08.2016 во 13:30 часот.