Сузана Мицева

ПРЕД ДА ЗГАСНЕ

Наместо да биде столб
да ги држи ѕидовите исправени
тој легна и стана греда во сопствениот дом.

Се искачи над својот немир —
круна на покривот,
оџак низ кој душите чадат.
И тогаш на ѕвездите им рече:
– Ниту еден сон не станал грмотевица,
дури и кога се раѓа во бура.
Тоа беше сѐ пред да згасне.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©