Просперо Вега

КРУГОВИ

 

Си седев со една локална легенда и дилер на дрога, Иван Муњоз. Лежеше в кревет и береше душа во една куќа на Боринкен Плаза, де заспан де буден. Неговата петта сопруга беше со нас, таа на која ѝ дозволи да го донесе до питачки стап.

Иван на времето беше газда на две-три озлогласени ноќни клубови во 70-тите и 80-тите, некогаш кога донираше за годишниот Полициски бал, а сега, пак, со сета сила се мачеше да умре в кревет, и ги расплакуваше луѓето со луди приказни од времето кога бил пешадинец во Кореа.

Шмрка линии како некоја дебела, албино верзија на Ал Шарптон, широко насмеан како Чеширската мачка.

Очите му се тресат како мараки*1, како Рита Морено во настапот на „Улицата Сезам“.

Неговиот најмлад син е шеснаесетгодишен и зборува само со светот-ми-е-крив-за-сѐ-шпанглиски*2-xbox-360-прво-лице-шутер дијалект. Call of Duty*3 плус Наркос*4, плус купишта Доритос и гратис боксирач.

Еднаш му дадов 50 долари во Келогс*5 ресторан само затоа што ја преживеал Ноќта на вештерките.

Наликува на Ладнокрвниот Лук*6 растрчан на ранчот.

А уште од мал беше тешко да го забележиш.

Гледавме само една разбојничка насмевка која како струја иташе по улицата скриена под црна Бруклин Нетс*7 капа.

Човек дојден од иднината да се бори против сите нас.

 

Превод од англиски: Горјан Костовски

 

 

1 Латиноамерикански ударен инструмент (заб. на прев.).

2 Комбиниран збор од „шпански“ и „англиски“ кој често се користи за одредени контакт-дијалекти, најчесто во САД (заб. на прев.).

3 Call of Duty е франшиза и серијал видеоигри од типот пукачка игра од прво лице (first person shooter), колоквијално познати како игри „фпс, шутер“ (заб. на прев.).

4 Американска криминална драма, базирана на животот на Пабло Ескобар, колумбиски нарко-дилер (заб. на прев.).

5 Познат синџир американски ресторани за брза храна (заб. на прев.).

6 Американска затворска драма од 1967 со Пол Њумен и Џорџ Кенеди (заб. на прев.).

7 Професионална кошаркарска екипа од Њујорк, САД (заб. на прев.).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©