Објавено е новото видео – ПРОСТОР ЗА ПОЕЗИЈА – СВП 2020

Просторот, растојанието меѓу нас е она што знаеме дека денес нѐ чува безбедни. Но истовремено нѐ лишува и од допирот како насушна потреба за блискост. Токму затоа, тој простор ќе го исполниме со поезија, која ќе допре до секого, која ќе нѐ допре сите. Просторот, кој ги надминува македонските јазични граници, заземајќи ја англиската форма space, преминува во вселена, во космос, каде гравитацијата небеските тела ги држи во совршен ред и растојание. Во нашиот простор, таа невидлива сила е поезијата како мост помеѓу Убавината и Смислата што нѐ поврзува како човештво додека стоиме на строго определени и безбедни растојанија.

Сценарио: Јаков Попоски
Видео продукција: ЗООТРОП студио
Креативно решение и графички дизајн: Огнен Танчески

*музиката е фрагмент од делото „Toccata and Fugue“ – Ј. С. Бах

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©