СВП и Тиквеш преку стихови ја раскажаа винската приказна за Македонија

Стиховите на австралискиот поет Алекс Сковрон победија на изборот за најдобра песна
испишана на вината на Тиквеш што винаријата и Струшките вечери го организираа за
учесниците на Фестивалот.
Во потесен круг од изборот влегоа и песните на Шудип Сен од Индија и Џоџ Марио Анхел
Кинтеро од Кoлумбија.
Учесниците на СВП со поддршка на винаријата Тиквеш имаа можност да ја раскажат винската
приказна за Македонија што ја добија на 55-тото издание на Фестивалот. Имено винарската
визба Тиквеш обезбеди вино со празни етикети од едицијата „спешл селекшн“ на кои поетите
оставија траен белег на вината со стихови од светската поезија.
Можноста за творење на овој специфичен и несекојдневен начин поетите ја имаа на
традиционалниот излет со брод низ Охридското Езеро до манастирскиот компекс „Свети
Наум“. Поетите креираа и име за вино кое во иднина ќе се произведува во Тиквеш.
Уникатните шишиња со стихови на сите светски јазици ќе останат во колецијата на Винарската
визба Тиквеш и Струшките вечери на поезијата
Во рамки на возобновената соработка на СВП и Тиквеш за идниот период предвидени се нови
проекти во кои ќе се проникнуваат поезијата и виното, а ќе бидат промовирани на нови
креативни начини.
Винарската визба „Тиквеш“ и Струшките вечери на поезијата имаат богата заедничка историја.
Во 1973 година создадено е виното „Т’га за југ“ во чест на манифестација „Струшки вечери на
поезијата“. При една од посетите на група поети учесници на СВП на винарницата, истите
предложиле новото вино направено во нивна чест да се вика токму „Т’га за југ“, според
истоимената поема на познатиот македонски поет Константин Миладинов

   

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©