| Тадеуш Домбровски

Тадеуш Домбровски– роден во 1979 година. Поет, есеист, критичар. Уредник на двомесечното списание „Топос“. Неговите дела биле објавувани во многу списанија во Полска и странство, како „Њујоркер“, „Парис ривју“, „Бостон ривју“, „Агни“, „Американ поетри ривју“, „Тин хаус“, „Харвард ривју“, „Крејзихорс“, „Поетри дејли“, „Поетри ривју“, „Поетри Лондон“, „Акцент“, „Шпрасе им тенишен Зеиталер“, „Син и Форм“, и „Манускрипт“ помеѓу останатите. Добитник е на стипендии доделени од Фондацијата „Ландис и Гир“ (Швајцарија, 2019), „Литературхаус Цирих“ (Швајцарија, 2016), „Јадо“ (САД 2015), Меѓународниот центар за уметност „Оми“ (САД, 2013), „Студиски центар Вермонт“ (САД, 2011), „Литератур Лана“ (2011), „Интернатионел хаус дер ауторен“, Грац (2008), стипендии од Министерство за култура на Полска (2007, 2010), „Литерариш колоквиум Берлин“ (2006, 2012), и Балтичкиот центар за писатели и преведувачи (Визби, 2004, 2010).  Тој е добитник на многу награди, меѓу кои се вбројуваат: Наградата „Хорст Биенек“ (2014), Наградата „Кошчиелски“ (2009), Книжевната награда на главниот град Варшава (2014), Наградата „Хуберт Бурда“ (2008), и од Тадеуш Ружевиќ, Наградата од Фондацијата за полска култура (2006). Тој бил номиниран за „Најки“, најпрестижната книжевна награда во Полска (2010). Неговите дела се преведени на 30 јазици. Автор е на осум збирки поезија на мајчиниот полски јазик, од кои најскорешната, „Драсканица“ беше објавена во 2020. Живее во Гдањск, на балтичкиот брег на Полска.


Реченица

Тоа е како да се разбудиш во затворена ќелија и да најдеш

во џебот разгледница, а на неа една реченица

на непознат ти јазик. 

 

И да знаеш, дека таа реченица е клучот за твојот

живот. И за таа ќелија.

 

И би минал години, пробувајќи да ја разбереш таа реченица, 

за да ја сфатиш конечно на крајот. Но, по некое време,

би ти станало јасно дека си бил во заблуда, дека таа реченица значи

нешто сосема друго. И така би имал две реченици. 

 

А потоа три и четири, и десет, додека не создадеш нов јазик.

 

И на тој јазик би го напишал романот за твојот живот.

И кога ќе бидеш веќе стар, ќе забележиш, дека вратата од ќелијата

е отворена. Би тргнал по светот. Би го изодил по должината и по ширината

на азбуката, за да закопнееш во сенката на големо дрво

по таа едната реченица на тој непознатиот ти јазик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©