| Халил Матоши

Роден е во Дардана, Косово, на 24 февруари 1961 година, а студирал филозофија и социологија на Универзитетот во Приштина. Земен како заложник на српските безбедносни сили на 21.05.1999 година, тој поминал скоро една година во затворите во Липљан (Косово) и Пожаревац (Србија). Пишува поезија, раскази и есеи. Автор е на книгите: Frymë varresh në dallgore („Дух на гробови во бранови“), поезија, Bota e re 1988 година; Udhëtim nëpër ëndërr të keqe („Патување низ лош сон“), мешана книга, поезија, раскази, литературни скици), 1994 година; Lajmësi memec („Глувиот гласник“), раскази, 1996 година; Udhëtim nëpër zhgjëndërr të keqe („Патување низ злобната јава“ , воен дневник и есеи, 2000; Hija e Krishtit („Сенката на Христос“), поезија, 2004 година; Katedralë letre: Qyteti i fundit dhe shtëpia, Saga për Prishtinën, njerëzit e saj dhe tregime tjera („Катедрала од хартија: Последниот град и домот, Сагата на Приштина, нејзините луѓе и другите раскази“, 2011 година (есеи и портрети); и N’zanafillë („В’битието“) поезија, 2013 година.


ПРОТЕСТИ. СИВ ПЕЈЗАЖ

По секој протест, многу единечни чевли остануваат на Плоштад…
Знак дека нивните газди боси киднале
Некој ден гледаш куп луѓе со изгланцани кондури
Луѓе со двете чевли. Чиниш спиејат обуени …
Се случил масакр. Никој не се спасил
Ова не е поезија. После Герника, Аушвиц, Сребреница, Косово
Какво значење веќе има поезијата?
Тоа е само сеќавање на глас!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©