ПО ПАДИНАТА НА СВЕТОТ СЕ СВИВААТ ЛИЈАНИТЕ

Кога се залетуваат и тигарот ужива во гонењето,

им никнуваат понекогаш орловски крилја

жолто откорнато од сонцето

И кон мене е неговиот полет

Во зависност од тоа како пак се спуштаат наземи

орелот тигарот или еленот последен зема здив

па оди да се напои

Тогаш, одеднаш, часовникот отчукува време

Уште еден неделен ден поминат во залудно острење на ножевите од куќата

Нема жртвување на еленот

само еден образ на сонце

и заборавот на мирисот на шалитра што го испуштаат старите ѕидови

Ниту едно животно не зборуваше веќе

Нивниот заемен ритуал се протегаше во височина

Најблиску до еден бавен, неконтролиран бран

ниту едно од двете не беше мојата намера

Сите животни во исчекување

Речиси неподвижни во широчините на собата

Меѓу двете нема веќе излудувачко ткиво

Нема веќе црн лист, нема воздух

Цврсто ги држат своите солени тела

Она што ќе им побегне

Нецелосна перспектива

ги сведува и ги претставува

во товарни и чистокрвни коњи

во краишта каде што топлината

е сега поблага и загубена

Преку патишта со еднаков копнеж

нивните дланки се отвораат како алои

се протегаат како лијани

Тогаш таа понизно бара

со придушен глас што моли и премерува

докрајчи ме, докрајчи ме, докрајчи ме

Препев од француски јазик: Деспина Ангеловска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©