Бетсимар Сепулведа
На мојот грб
самотијата е змија што си ја гризе опашката
Отрпната и омаена
сече низ цвеќиња и пердуви во плотта на љубовта
Си го препознавам името во непристојното ехо
во постојаноста на заборавот
Умирам од страв
а мојата самотија
умира од
мене.