Kонкурс за наградата „Мостови на Струга“ 2014
Интернационална поетска награда „Мостови на Струга“ 2014
Струшки вечери на поезијата
Промоција на Светскиот ден на поезијата во соработка со УНЕСКО
Услови за учество на конкурсот за наградата:
- • Дебитантски книги на млади поети (под 35 години);
- • Кандидатите треба да испратат 5 копии од книгата со која конкурираат на конкурсот како и најмалку 5 песни преведени на англиски јазик на адресата на Струшки вечери на поезијата (поштенски фах 109, 6330 Струга, Република Македонија, struga@svp.org.mk) или преку Националните комисии за УНЕСКО на државите членки.
- • Крајниот рок за пристигнување на книгите на адресата на СВП е 28 февруари 2014. Апликацијата може да се поднесе и во електронска верзија на адресата на СВП: struga@svp.org.mk, при што книгатa треба да биде во електронски формат, а печатената верзија на книгата да пристигне на адресата на СВП најдоцна до 5 март 2014 година.
- • Националните комисии за УНЕСКО на државите членки се поканети да ги примат апликациите и за тоа да ги информираат Струшките вечери на поезијата;
- • Наградата вклучува статуетка, паричен износ и објавување на книга на поетот–лауреат во превод на македонски;
- • Лауреатот ќе биде објавен на Светскиот ден на поезијата, 21 март 2014;
- • Поетот–лауреат ќе биде поканет да учествува на изданието на Струшките вечери на поезијата во Струга истата година (крајот на aвгуст 2014), каде и ќе му биде врачена наградата на манифестацијата „Мостови“
Струшки вечери на поезијата и УНЕСКО
Струшки вечери на поезијата
Поштенски фах 109
6330 Струга
Република Македонија
Тел. +389 46 786 270
struga@svp.org.mk
www.svp.org.mk