Времето е за знакот на шумот во чевлите твои,
на пристигањето на чекорите што му претходат
на долгово твое
пристигање без тебе
чекање што е.
Доаѓаш да го предадеш
телото твое
додека јас ја изложувам
новината на тукушто измиеното рамо
како убава вест.
Чевлите пред вратата си ги оставаш
а времето е тоа
што го користам јас
да ја размрсам твојата снага од плотта
моја
и да ја разбијам срамливоста,
уште еднаш,
да не бројам,
уште еднашка,
да не те молам да ми кажуваш
колкумина сме ние.