Ердал Алова – ДЕТСКА ГЛАВА

Тука ли беше во овие илјада зими ?
Во длабоките дупки
Под куќите од керпич
Со изгубените рачиња и топка,
Со наведната глава, далеку од телото.
Дали корењата  ти ја повредија веѓата или заборавот?
Дали  си тука со денови ?
 
Не остана бунар што не влеговме,
Трагавме по твојот глас покрај речните корита
Само колку брда поминавме!
Само со еден секач останавме среде врвот
Со надеж дека ќе најдеме прамен од коса, отпечаток од стапало,
Некое вредно копче искинато од минатите  денови.
 
Дали си ти оваа навредена мермерна плоча
Дали тежината на овие погледи
И чистиот сјај во очите во недовршената игра,
Сега  чистејќи ја устата,
Исполнетите очи со земја,
Со една четка, во еден здив
Со пердувите од птицата што  ја хранеше.

en_GBEN