Ердал Алова – КУЌАТА НА НОМАДИТЕ

Тука нема ниеден млад човек
Дури светлината е безволна
Камењата, сенката, бувот се испреплетени
Во застанатото време
Ништо не видовме во ова племе
Во кое ја планиравме иднината
Освен врнежи и тажните вести за смрт
Сините сеќавања низ вените
Болката и заблудата
Обвиткани околу стеблото на
Старата лоза
Сите се заминати по патот на соништата
По северната светлина,
По војните за работа и умирање
Без да остави сенка  ниту  потомок
Зад него.
Остарени мајка и татко,
маслинов камен кој заборавил да се врти
И еден партал  безцелно што  лета од ветерот.
Тоа е сѐ.
После многу години никој нема да излезе оттука
Никој, ние само одејќи по погрешниот пат
Седнати на клупите на меаната со базен
Ги пееме бесмртните песни во ноќта …

en_GBEN