Има денови што се толку празни
што во нив исчезнува секоја животна сметка;
сонот се губи во своите јазли
а телото, уморно, нуди бедна глетка.
Ветрецот на очајот ги лулее благо
млаките вкусови што секоја сласт ја ништат.
Лажните знаци на болеста ни стојат на прагот
и чекаат да н# понесат кон болките што тиштат.
Но, токму во тој миг, патот
кон прашања нови н# влече;
тие се блескави, светат како злато,
и н# водат, малку по малку, кон животот вечен.
Од поделеностите вистинскиот став се учи.
Слушнатото и реалноста во амалгам се топат;
меѓу мудреците такви се односите клучни,
смислата се открива случајно и попат.
Знаците, исправени, н# упатуваат кон превал.
Преобразбата прави да станеме друг некој.
Една внатрешна револуција одеднаш се крева:
кон очуднувањето тоа е уште еден чекор.
Превод од француски: Влада Урошевиќ