Мануа Рима – Невидливото

Невидливото се чини атомско, а сепак
станува збор за свет во кој с# може да се вклопи,
поистенчен од овој врз кој погледите ни се лепат;
тоа е една целост, таинствена и без можност за допир.
Тоа ги вклучува чувствата, соништата, промените
и се гледа и во најцрната мрака.
Тоа ги содржи звуковите, мирисите, спомените,
спојувајќи ги поимите, што се незабележливи, исто така.
За многумина се чини дека е предел затворен со резе.
Сепак, поетот само за него знае
и прави душата да му ѕвони кога во него ќе влезе.
Во неговите измислици плови рој утопии сјаен.
Народе, следи му го делото со слух и со око,
влези во светот на соништата за деновите идни
што те водат кон поизвесна иднина, кон свеченост и спокој.
Минувајќи низ невидливото, неговите зборови го бојат сиот видик.

Превод од француски: Влада Урошевиќ

en_GBEN