Мануа Рима – Романтизам

Поттикната од мојата чувствителност, летам;
мечтаењата низ галаксии ме водат
и таму, на една ненаселена планета,
ме оставаат како искушеник во пагода.
Пориви необични, неразумни промени на планот,
прават да бидам нескротлива како тигар.
Лудилото претставува неопходен данок
што го плаќам за до блаженство да стигнам.
Вљубена сум, с# повеќе, по секоја средба,
во еден човек, мил, љубезен, весел,
смел, бодар, и кој ме сака. Но, што од таа жедба –
заеднички живот н# чека, крај премногу лесен.
Романтизмот сликата на мојот живот ја зема.
Разочараноста ме разбудува како пискот
зашто на земјава разновидност навистина нема.
Од идилата не произлегува друго освен блискост.

Превод од француски: Влада Урошевиќ

en_GBEN