Минг Ди – СЕДУМ ЖИТИЈА

Зашто сум блиску до сонцето, велат очите ќе ми ослепат.
па се појавувам во многу филмови преправена во старец,
со долга бела брада и коса, очи две шуплини, уста полна пророштва:
денес предвидувам раѓање на Аполо, утре за камче
велам дека е Сонце. И во многу песни се појавувам,
понекогаш лична, најчесто и од вештерка погрда,
денес градите ми стареат, утре градите се брчкаат,
па со насмевка цврста, облечена во здолниште со кринолин чекорам напред.
Само Вирџинија Вулф ме разбира, гледа дека зборови кодирам,
дека можам да сакам искрено, целосно, во љубов спремна да верувам,
и дека можам вистински да пишувам песни, ниту за име ниту за слава,
само вистински да пишувам, дури може и од живот да се откажам
ама преку ноќ може да се сменам…
О, не, не, не, не пак, толку е прекрасно да се остане во ова тело!
Зевс ми даде седум животи, но ниту еден не е рамен на овој,
овој живот на тигар и на волк. Се плашам да спијам, се плашам да не се разбудам
со стар лик и гримасата на Т.С. Елиот, телото мое посипано од пепелта на неговите цигари.

Превод од кинески јазик Елена Дамјаноска

en_GBEN