Нурије Емрулахи – X

Ти купив еден сон
Кај пазарот на Есма.
Евтино ми го даде
И ми вети
Дека е убав.
Кај пазарот на старудии
Меѓу запустени кревети
Од вистинска кожа,
Столчињата без столови
И некои скршени белезици,
Што мирисаат на некоја непозната носителка.
Меѓу тие нешта
Го најдов овој заборавен сон
Есма ми вети дека:
Сонот бил не сонуван.
Потоа, како да речам,
По едно долго натегање…
Таа ми го продаде бадијала, речи си, ми го подари!
Сега земи го
Бидејќи јас не знам што да му правам.
Не сака да стои во моите раце
Душата веќе ми ја изеде преку целиот пат.
Се гледа, напуштените места не ги мириса.
Земи си го, сега е твој веќе!
Пробај го дали ти е по мерка?

превед- Ресул Шабани

en_GBEN