**

*
гроб ли е ова
полињата и шумите, пустините
лавиринтите, кластерите
тоа немо уништување, закана
без порака каде крвавиот снег
на погрешна страна од приказната за создавањето
каде што снегот требаше да биде бисер
каде што очните бисери требаше да бидат
каде што одговорот требаше да се додаде
темен атомизиран снег низ материја
матер

Превод од шведски јазик Ивица Челиковиќ

 

 

*
живеено време, живеено место
што меморијата ги принудува во сегашност
нацртани во месечевата светлина низ портата
во сончевите зраци во маглата низ портата
една мајка постоеше, мајчино ехо
универзумот се шири
универзумот се шири
испитувачки, принудно, суредено
низ портата во јапонскиот знак
за пасивно обработувана површина, негативен простор
така што условената празнина
не е испразнета; за нешто, за низ
разретчената магла да се спелуваа Ma

Превод од шведски јазик Ивица Челиковиќ

 

 

*
Ма во калапот матрицата
во Мајката Земја матичното дрво
пеперугите постоеја, тешката вода
ракијата постоеше анима
повторно се вртам

Превод од шведски јазик Ивица Челиковиќ

 

 

*
адреналинот, адреналинот постоеше
вртлози, вртлози
спирална структура
на Млечниот Пат, отровни вртлози постоеја
маѓепсаниот круг, мебиусовата лента
што се случи, се случи и случи
шарени светла, сјајни решеткасти
каде што светлина во окото низ призма се прекршува
каде што птичарот
чие око прснало инсомнија

Превод од шведски јазик Ивица Челиковиќ

 

 

*
Земја; Мајка Земја
беше, Пангеа
беше и Гондвана
се откорна од Пангеа
од Пангеа Лауразија

Превод од шведски јазик Ивица Челиковиќ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©