Поети 2020

  • Франка Манчинели
  • Тадеуш Домбровски
  • Анелиса Алева
  • Карен Меккарти Вулф
  • Мајо Даниловиќ
  • Мангалеш Дабрал
  • Франка Манчинели

    Франка Манчинели

    Франка Манчинели е авторка на три поетски книги: „Мала круна“ (2007), „Мајчино тесто“ (2013), и „Книшка за транзит“ (2018). Нејзината последна книга е објавена на англиски јазик The Little Book of Passage (The Bitter Oleander Press, Fayetteville, New York, 2018) во превод на Џон Тејлор. Во 2019 истиот издавач ги објавува и преводите на нејзините први две книги, заедно со неколку необјавени песни: At an Hour’s Sleep from Here: Poems (2007 – 2019). Нејзината нова поетска стихозбирка „Сите очи што ги отворив“ ќе излезе годинава од издавачот „Маркос и Маркос“ во Италија.

    Нејзина интернет-страница: https://www.francamancinelli.com/
    Видеоклип со нејзина песна: https://www.youtube.com/watch?v=DyaHiThjOjI

  • Тадеуш Домбровски

    Тадеуш Домбровски

    Тадеуш Домбровски– роден во 1979 година. Поет, есеист, критичар. Уредник на двомесечното списание „Топос“. Неговите дела биле објавувани во многу списанија во Полска и странство, како „Њујоркер“, „Парис ривју“, „Бостон ривју“, „Агни“, „Американ поетри ривју“, „Тин хаус“, „Харвард ривју“, „Крејзихорс“, „Поетри дејли“, „Поетри ривју“, „Поетри Лондон“, „Акцент“, „Шпрасе им тенишен Зеиталер“, „Син и Форм“, и „Манускрипт“ помеѓу останатите. Добитник е на стипендии доделени од Фондацијата „Ландис и Гир“ (Швајцарија, 2019), „Литературхаус Цирих“ (Швајцарија, 2016), „Јадо“ (САД 2015), Меѓународниот центар за уметност „Оми“ (САД, 2013), „Студиски центар Вермонт“ (САД, 2011), „Литератур Лана“ (2011), „Интернатионел хаус дер ауторен“, Грац (2008), стипендии од Министерство за култура на Полска (2007, 2010), „Литерариш колоквиум Берлин“ (2006, 2012), и Балтичкиот центар за писатели и преведувачи (Визби, 2004, 2010).  Тој е добитник на многу награди, меѓу кои се вбројуваат: Наградата „Хорст Биенек“ (2014), Наградата „Кошчиелски“ (2009), Книжевната награда на главниот град Варшава (2014), Наградата „Хуберт Бурда“ (2008), и од Тадеуш Ружевиќ, Наградата од Фондацијата за полска култура (2006). Тој бил номиниран за „Најки“, најпрестижната книжевна награда во Полска (2010). Неговите дела се преведени на 30 јазици. Автор е на осум збирки поезија на мајчиниот полски јазик, од кои најскорешната, „Драсканица“ беше објавена во 2020. Живее во Гдањск, на балтичкиот брег на Полска.

  • Анелиса Алева

    Анелиса Алева

    Анелиса Алева е родена во Рим, каде и живее. Дипломирала руски јазик и книжевност на Универзитетот „Ла Сапиенза“, Рим, во 1980 година. Добитничка е на најразлични стипендии од Министерството за надворешни работи на Италија, во: Брно (1978), Прага (1978-79), Ленинград (1981-82), Варшава (1983), Охрид (1984, 1986).

    Има објавено девет збирки поезија: „Месеци“ 1996, „Она што доаѓа низ вратата“ 1998, „Писмо во форма на сонет“ 1998, „Ѕвезди и камења“ 1999, „Церемонијален воздух“ 2000, „Наследено злато“ 2002, „Инстинкт и духови“ 2003, „Скршената куќа“ 2010, добитник на Наградата „Сандро Пена“ во 2010 година, „Ликови“ 2018, добитник на Наградата „Виареџио Џиуриа“ во 2019 година.

    Објавени дела на руски јазик: „Наизуст“, антологија на поезија на италијански и руски јазик, издадена од Издавачката куќа „Пушкински фонд“, Санкт Петербург, 2016 година.

    Објавени дела на англиски јазик: „Избрани песни“, „Градива едишнс“, САД, со вовед на Паоло Фебраро, 2020 година.

    Во 2013 година, Алева ја објавува нејзината книга со есеи и мемоари „Спектакл на меморијата“.

    Таа ја читала својата поезија во Италија и странство, како Њујорк, Џонсон во Вермонт, Сао Паоло во Бразил, Санкт Петербург, Москва, Тбилиси и Батуми во Грузија, Единбург, Луксембург, Букурешт и Пекинг.

    Во јуни 2002 година била поканета да биде визитинг-писателка на „Студиски центар Вермонт“ во САД.

    Во јануари 2008 била поканета да помине цел месец во замокот „Хавторнден“, поетско засолниште во Шкотска.

    Од 2004 до 2007 година, таа предавала на „Ла Сапиенза“, Универзитетот во Рим, на магистерската програма по книжевен превод.

    Како преведувачка од руски на италијански јазик, меѓу нејзините најважни дела се вбројуваат: целокупното прозно творештво на Пушкин во 1990 година и песните „Љубовни песни и Епиграми“, 2018 година, „Ана Каренина“ (добитник на руско-италијанската награда за „Најдобар италијански превод на дело од Толстој“ во 2010 година), антологија на современи руски поети „Метаморфози“ во 2004 и антологија на 16 современи руски поети „Руски поети денес“, добитник на Наградата „Леричи Леа“ во Москва, 2008 година.

    Во летото 2010 година, Сергеј Красавин снимил филм во Русија во кој се застапени нејзините песни на италијански и руски јазик, со наслов „Пеј мое“.

  • Карен Меккарти Вулф

    Карен Меккарти Вулф

    Карен Меккарти Вулф – родена во Лондон, од мајка Англичанка и татко Јамајканец. Нејзината дебитантска збирка „Птичарник за ситни птици“ беше на потесната листа за Наградите „Форвард“ и „Џервуд“. Според „Би-би-си артс“, нејзината втора поетска збирка „Сезонски вознемирувања“ е еден „итар и нијансиран осврт кон природата, миграцијата, градот и она што е свето“, а била напишана кога таа била ангажиран уметник во Националниот поморски музеј. Таа е во моментов постдокторант и ангажиран уметник од програмата „Фулбрајт“ во Институтот за човекови права „Промис“ на Универзитетот Калифорнија, Лос Анџелес, со цел да истражува како поезијата се комбинира со меѓународното право за да изразува безбеден простор во сложена околина. Нејзините дела се преведени на турски, шведски, италијански и шпански јазик, биле направени во поетски филм, прикажани во лондонското метро и фрлени од хеликоптер врз Вестминстерската палата.

  • Мајо Даниловиќ

    Мајо Даниловиќ

    Мајо Даниловиќ – роден во 1955. Дипломирал политички науки. Работи како графички дизајнер и живее во Белград. Пишува поезија и проза како независен писател. Член е на Академијата на писатели од Србија и на Светската академија за поезија од Верона. Координатор е на Светската академија за поезија за словенските земји. Од 2008 има објавено голем број книжевни збирки, алманаси и списанија. Неговите дела се преведени на бугарски, италијански, македонски, словенечки и полски. Член е на неколку книжевни клубови и асоцијации. Тој е главен уредник на поетскиот концепт „Поезија Стенка“ од Белград. Неговите песни и приказни се стекнале со голем број признанија, а тој е добитник на „Раваниќанин“ Српска спиритуална академија – Параќин, како и наградата за животно дело.

  • Мангалеш Дабрал

    Мангалеш Дабрал

    Мангалеш Дабрал е роден во 1948 во округот Техри Гарвал во Хималајскиот Регион. Возрасниот живот го поминал како уредник за култура во најразлични весници од Делхи. Неговите книги вклучуваат шест збирки поезија, именувани „Фенер на планината“ (1981), „Патот дома“ (1981), „Она што го гледаме“ (1995), „И гласот е место“ (2000), „Непријател во новата ера“ (2014) и „Меморијата е друго време“ (2020); две збирки книжевни есеи и социо-културолошки коментари со наслов „Лебот на писателот“ (1998) и „Самотијата на поетот“ (2008), два патеписни романи „Еднаш, Ајова“ и „Пат и место“ (2020), како и книга со разговори „Подизјави“ (2014). Тој бил член на Меѓународната програма за писатели на Универзитетот „Ајова“ во 1991.

    Бил учесник на Меѓународниот поетски фестивал во Ротердам, Холандија во 2008, и на Меѓународниот поетски фестивал „Сабад“ во Њу Делхи во 2014. Читал на поетски собири во Бугарија, Чехословачка, Непал, Маврициус, Јапонија, Русија и најразлични градови во Германија, како, на пример, Саемот на книга во Франкфурт во 2006. Тој ги има преведено на хинду јазик песните на Неруда, Брехт, Карденал, Рицос, Рожевич, Херберт и други. Добитник е на бројни награди, како „Шамсер Саман“ (1995), „Пахал Саман“ (1998), „Сахитја академска награда“ (2000), „Дели хинду академи сатикар саман“ (2001) и Наградата „Кумар Викал Смрити“ (2008).

    Песните на Дабрал се преведени и објавени на сите поголеми индиски јазици, како и на руски, германски, холандски, шпански, француски, италијански, јапонски, полски, бугарски, португалски и српски. Биле вклучени во многу антологии, како: „Периплус“, Преживување“, „Гестови“, итн.

  • Ариел Шпилгер
  • Бетсимар Сепулведа
  • Џон Јау
  • Павле Горановиќ
  • Петар Матовиќ
  • Јасухиро Јоцумото
  • Ариел Шпилгер

    Ариел Шпиглер

    Poet

    Ариел Шпиглер – родена во Сао Паоло во 1986 година. Студирала филозофија на Универзитетот „Сорбона“. Во 2011 година таа успешно го положила тестот на Француската јавна служба, и неколку години предавала филозофија. Дала отказ со цел да се посвети на пишувањето. Пее во барови и понекогаш работи за најразлични издавачки куќи.

    Во 2016 година, започнала да ги издава нејзините песни во најразлични списанија каде наидува и на поддршка од критичарите. За „Дешарж“, Клод Верси пишува: „Се чини дека таа одново ја открила тајната на нештата кои се цврсти и лесни, духовни и емоционални, кои Пјерот и Колумбина си ги шепотеле еден на друг, во галантните сцени на Пол Верлен... Овие тажни куплети, се чини, го добиле вниманието од многумина.“ (Клод Верси, „Дешарж“, „Зима, зачувани песни“). Во јануари 2017 година, таа ја објавува нејзината прва збирка „Ова е причината поради која младите девојки ве сакаат“ („Едитионс де Корелвур“), која доби пофалби во медиумите, особено од „Ле монде“, „Ле матрикул де Ангес“, „Телерама“, „Либератион“ и „Лахуманите“. Во „Ситадиус“, Патрик Кечичиан пишува: „Што ако невидливото не е далеку, доволно далеку од нас – туку дефинитивно меѓу нас, блиску до нас, скоро? (....) Зачудувачките песни од првата збирка на Ариел Шпиглер истовремено се контрадикција и зачувување на оваа разделба. Песните, како, на пример, последните восхитувачки три песни, често се кратки. И подолгите се издвојуваат. Што ако повисоката форма на мирот е чекор, или танц?“ Во „Лахуманите“, Никола Дутент забележува: „Има здив во овие песни, со чувство на елегија и ораторство.“ Во ноември 2017 година, „Ова е причината поради која младите девојки ве сакаат“ била добитник на Наградата „Гијом Аполинер“. Нејзината втора книга излегла од печат во 2019 година, како дел од белата колекција на „Галмард“. „Некои ѕвезди“ е ситна публикација напишана конкретно за Версополис. Таа ги проткајува заедно светот на песната, приказната на акробатите и молитвата

  • Бетсимар Сепулведа

    Бетсимар Сепулведа

    Бетсимар Сепулведа – Рубио, Тачира, Венецуела, 1974. Поетеса, критичарка и фотографка. Родена е во Венецуела, а живее во Кали, Колумбија од 2007 година. Има објавено четири книги, а дел од нејзиното творештво е застапено во антологии објавени во Колумбија, Перу и Шпанија.

    Нејзините дела делумно се преведени на англиски, португалски, италијански и арапски јазик. Нејзиното творештво е фокусирано на обновата на колективната меморија почнувајќи од сликата и креативното пишување какви што се хрониката и поезијата.

    Координатор е на програми за промоција на читањето и творењето на книжевноста со нагласок на обновата на колективната меморија и нематеријалното наследство во академските и неконвенционалните кругови.

  • Џон Јау

    Џон Јау

    Џон Јау има објавено голем број книги поезија, белетристика и критика. Неговите најнови публикации ги вклучуваат збирката песни „Бижу во темнината“ (2018) и книгата со есеи „Странски звуци или звуци странски“ (2020). Најновите монографии ги вклучуваат „Филип Тааф“ (2018), „Томас Нозковски“ (2017) и „Катерина Марфи“ (2016). Исто така, тој има напишано монографии за Вилфредо Лам, Џоан Мичел, А. Р. Пенк, Џаспер Џонс и Енди Ворхол. Пишувал есеи за голем број музејски публикации и каталози, а објавил и две збирки есеи „Страствениот набљудувач“ (2006) и „Дивите чеда на Вилијам Блејк“ (2017). Во 1999 г. ја основал „Блек сквер едишнс“, мала издавачка куќа посветена на поезијата, белетристиката, преводите и критиката. Тој бил уметнички уредник на „Бруклин реил“ (2007 – 2011) пред да го кооснова онлајн-списанието „Хипералергичен викенд“, каде прави осврти на уметноста, литературата и филмот. Добитник е на бројни награди и стипендии, на пример: од Меморијалната фондација „Џон Гугенхајм“, Националниот фонд за уметност, Академијата на американски поети, Фондацијата за уметност од Њујорк, Фондацијата „Инграм Мерил“ и Фондацијата „Џенерал електрик“. Во 2018, тој е добитник на Наградата за поезија „Џексон“. Именуван е за Шевалиер со Орден за уметност и писма од Владата на Франција. Тој е професор по критички студии во Школата за уметност „Масон Грос“ (Универзитет „Ратгерс“) и живее во Њујорк

  • Павле Горановиќ

    Павле Горановиќ

    Павле Горановиќ е роден во 1973 година во Никшиќ, Црна Гора. Пишува поезија, проза и есеи. Дипломирал на Филозофскиот факултет, насока филозофија. 

    Ги има објавено следните книги: „Орнаментика на ноќта“ (1994), „Читање на тишината“ (1997), „Книга на привиди“ (2002), „Како мирисаат книгите“ (2008), „Тин Ујевиќ и Црна Гора“ (2008), „Цинобер“ (2009), „Градот на полна месечина“ (2014), „Имињата на копнежот“, (2015), „Поезија“, (2017), „Тин Ујевиќ и експресионизмот“ (2019).

    Добитник е на многу награди и признанија за неговите книжевни дела. Тој е добитник на Наградата „Ристо Ратковиќ“ за најдобра збирка поезија објавена во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска за 2009 година, и Наградата „Вито Николиќ“ за најдобра црногорска лирика во 2010/2011 година. Награден е со Државната награда „Мирославово евангелие“ во 2014 за најдобро книжевно, историографско, етнографско и публицистичко дело објавено во Црна Гора за претходните три години. Добитник е и на најважното државно признание на Црна Гора – Тринаесеттојулската награда за 2019 година.

    Книгите и книжевните дела му се преведени на повеќе јазици (англиски, германски, италијански, француски, руски, словенечки, словачки, македонски, полски, бугарски, шведски, албански, хебрејски...). 

    Застапен е во бројни антологии на црногорската и југословенската поезија и кратка проза, како и антологиите New European Poets (САД), „Антологија на поезија од словенските земји“, Антологија „Гранд Тур“ за млада европска лирика (Германија) итн. 

    Дел од овие публикации се: „Книга на илузии“ на словенечки, „Ангели на рамнодушноста“ на македонски, „Изгубени сезони“ на албански и „Читање тишина“ на англиски јазик. Минатата година во Виена, на германски јазик беше објавена збирката поезија „Градот кој исчезнува“. 

    Уредувал збирки на црногорска книжевност објавени во Италија, Словачка, Хрватска, Македонија и Словенија.

    Член е на национални и меѓународни книжевни организации (CDNK, Црногорскиот ПЕН-центар). Тој бил претставник на Црна Гора во Комитетот за образование во Европскиот совет во Стразбур, како и член во Советот за квалификација. Бил член на Советот за движењето за Независна Црна Гора.

    Бил претседател на Бордот на директори на Форумот за словенски култури, меѓународна организација која ја промовира заштитата на културните вредности и традиции во словенските земји, чие седиште се наоѓа во Љубљана. Член е на Националниот совет за култура.

    Од 2003 до 2010 бил советник на претседателот на Владата на Црна Гора. Во 2010 бил назначен за директор на Бирото за училишта во Црна Гора. Од 18 март 2015 до 28 ноември 2016 бил министер за култура во Владата на Црна Гора. Од ноември 2016 до март 2017 бил заменик во Парламентот на Црна Гора, и претседавач со Бордот за образование, наука, култура и спорт. Во 2015 година, бил избран за вонреден член на Црногорската академија на науките и уметностите. Директор на Бирото за учебници и школски материјали на Црна Гора. Има статус на истакнат културен создател во Црна Гора.

  • Петар Матовиќ

    Петар Матовиќ

    Петар Матовиќ е роден во 1978 година во Ужице, а дипломирал српска книжевност во Белград. Пишува поезија и есеи, објавува во весници, а застапен е во повеќе антологии во земјата и странство. Песните му се преведени на повеќе јазици: полски, англиски, германски, шведски, француски, италијански, шпански, каталонски, португалски, летонски, галициски, романски, македонски, словенечки, словачки и унгарски. Ги објавил поетските збирки: „Кратки претстави“ (1996), „Куферите на Џим Џармуш“ (2009, преведени изданија: Walizki Jima Jarmusha, Maximum, Krakow, 2011, Les maletes de Jim Jarmusch, La Cantarida, Palma de Mallorca, 2013); „Од каде доаѓаат дабарите“ (2013), „Од среќната република“ (2017) и „Не леб, туку морфиум – избрани песни“ (Загреб, 2019). Добитник е на стипендијата „Гауде Полонија“ (2013) од Министерството за култура на Република Полска, Балтички центар за писатели и преведувачи (Визби, Шведска, 2015), „Традуки“ (Сплит, 2016), „Кулутрконтакт“ (Виена, 2017), и „Q21“ (Виена, 2017). Добитник е на наградите „Треќи трг“ (За „Куферите на Џим Џармуш“) и „Бранко Милковиќ“ за збирката песни „Од среќната република“. Живее во Пожега, Србија.

  • Јасухиро Јоцумото

    Јасухиро Јоцумото

    Јасухиро Јоцумото – роден во 1959. Поет, романсиер, есеист и преведувач. Има издадено 13 поетски збирки, меѓу кои и „Насмеаната бубачка“ (1991),  „Светскиот конгрес на средовечните“ (2002, Награда „Јамамото Кеничи“), „Попладне на забранети зборови“ (2003, Награда „Хагивара Сакутаро“), „Затвореник на Јапонците“ (2012, Награда „Ајукава Нобуо“), „Кап кап монотонија, неумешно, диво“ (2017), и „Роман“ (2017). Во превод на англиски јазик издадени се: „Семејна соба“ и „Песни од Минашита Кириу, Јоцумото Јасухиро и Сох Сакон“ (обете издадени од „Вагабонд прес“).

    Тој има објавено два романи, „Лажниот поет“ (2015) и „Поетскиот дневник на жлездата простата“ (2018), доследни на класичниот стил на комбинација од стихови и проза.

    Јасухиро е, исто така, активен во преведувачките води („Поетските дела на хомо сапиенсот“ – антологија на современа поезија од 32 поети во 22 земји, „Дете“ од Симон Армитаж) и книжевната критика („Шунтарологија“, дисертација за поетиката на Шунтаро Таникава, како и собраните есеи „За драгите поети!“).

  • Георги Господинов
  • Шагдар Лхамноржмаа
  • Ален Брлек
  • Богомил Ѓузел
  • Влада Урошевиќ
  • Милован Стефановски
  • Георги Господинов

    Георги Господинов

    Poet

    Георги Господинов (1968), еден од најмногу преведуваните и наградуваните бугарски автори. Своето книжевно деби го има во деведесеттите години со поетските збирки „Лапидариум“ (1992, награда „Саут Спринг“) и „Црешата на луѓето“ (1996, издадена во неколку изданија до денес). Неговите следни поетски збирки се „Писма до Гаустин“, антологиската збирка „Балади и болести“ и најскорешната „Каде што не сме“ (2016, награда „Квил“ за поезија). Неговите песни се застапени во голем број европски и светски антологии, а неговата поезија е објавена во Германија, Македонија, Романија, Чешка, Португалија...

    Романот „Природен роман“ на Господинов е објавен на над 20 јазици низ светот. Неговиот втор роман „Физиката на жалта“ е добитник на книжевната награда „Јан Михалски“, централно европската награда „Ангелус“, а бил финалист за шест меѓународни награди во Европа и Америка, како „Премио Стрега Еуропео“, „Хаус дер културен дер велт преис“ од Берлин, и наградата за превод од американскиот ПЕН. Романот добил пофалби од „Њујоркер“, „Дие Зеит“, „Либерејшн“ итн.

    Делото „Свадби на животни и нешта“, е книга за деца напишана и илустрирана заедно со неговата ќерка Раја, објавена во 2015 година. „Слепиот Вајша“ е краток анимиран филм (режија Тео Ушев) базиран врз кратка приказна од книгата на Господинов „И други приказни“, која беше номинирана за Оскар во 2017.

    Во 2017-2018 Господинов бил добитник на стипендија од „Њујоршката јавна библиотека“ во Центарот Кулман.

  • Шагдар Лхамноржмаа

    Шагдар Лхамноржмаа

    Шагдар Лхамноржмаа – поетеса од Монголија. Добитничка на престижната поетска Награда „Болор цом“ на Друштвото на писателите на Монголија (2007). Добитничка на награда на Поетскиот фестивал „Алтан Уд“ за најдобар автор во 2008 година. Лауреат на престижната државна награда „Медал Алтан Гадас“ во 2008 година. Победничка на годишната награда на Друштвото на писателите на Монголија во 2009 година.

    Родена е во Чулуут сум, во областа Архангаи, Монголија, во 1976 година. Со основно и средно образование се стекнала во родното место. Дипломирала на Институтот за литература и социолошки студии на Монголскиот државен универзитет „МУИС“ во 2000 година. Од 2001 до 2005 била одговорен уредник на неделникот Centuries News, Улан Батор, Монголија. Од 2006 работи како главен одговорен уредник на весникот „Нигуулсел“, Улан Батор, Монголија.

    Авторка е на следните поетски збирки и мултимедијални претстави: „Тајниот љубовник“ (2002), „Родна земја“ (2004), „Времето е мој љубовник“ (2006), „Скокот на срцето“ (2007), „Глобален мир“ (2009), „Симфониска-поетска изведба (Вашата креација)“ (2009). Ги има издадено поетските албуми „Гингоо“, „Мајката Есен“ и „Вонвременска љубов“ (2018).

  • Ален Брлек

    Ален Брлек

    Ален Брлек (1988, Загреб, Хрватска), добитник на Наградата „На врх језика“ за неговата прва поетска збирка „Метакморфози“ (2014). Неговата втора поетска збирка „Пратишина“, била објавена во Србија, од издаваштвото „Контраст“ во 2017. Неговата трета книга, „Санг“, објавена во 2019 година во ХДП, Хрватска, била добитник на Наградата „Кирин“ за најдобра поетска збирка таа година. Книгите можат да се читаат како трилогија на телото, умот и душата.

    Неговите песни се преведени на повеќе јазици и се објавени во бројни публикации; а од неодамна може да се најдат во изборот на хрватска поезија „Работа на страницата“ на Марко Погачар.

  • Богомил Ѓузел

    Богомил Ѓузел

    Роден е во Чачак, Србија, 1939 година. Поет, раскажувач, драмски писател, есеист, преведувач. Завршил студии на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Ги превел делата на Шекспир, Одн и Елиот. Бил директор на „Струшките вечери на поезијата“. Еден е од основачите на Независните писатели на Македонија. Дела: „Медовина“ (1962), „Алхемиска ружа“ (1963), „Мироносци“ (1965), „Одисеј во пеколот“ (1969), „Бунар во времето“ (1972), „Тркало на годината“ (1977), „Стварноста е сѐ“ (1980), „Опсада“, (1981), „Празен простор“ (1982), „Мрак и млеко“ (1986), „Рушејќи го ѕидот“ (1989), „Одбрани песни“ (1991), „Гол живот“ (1994), „Хаос“ (1998), „Она“ (2000); есеи: „Историјата како маштеа“ (1969); проза: „Куќа цел свет“ (1975), „Митостории“ (три драми) (1982), „Легенди“ (1984), „Одбрана поезија“ (1962-2002), 2002.

  • Влада Урошевиќ

    Влада Урошевиќ

    Роден во Скопје на 17.10. 1934 година. Поет, раскажувач, романсиер, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар, преведувач, универзитетски професор. Дописен член е на меѓународната Академија Маларме во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург. Член е на МАНУ, на Македонскиот ПЕН-центар и на ДПМ. Се јавува како пасиониран истражувач на противречната феноменологија на литературната и на научната фантастика, на митолошките системи на минатото и на денешнината, на ирационализмите од ониричките доживувања присутни во модерниот и постмодерниот поетски и раскажувачки дискурс, почнувајќи од книгата „Мрежа за неуловливото“ (1980), преку „Нишката на Аријадна“ (1985) и „Демони и галаксии“ (1988), па сѐ до „Астролаб“ (2000). Затоа, и како автор израснува во поет и раскажувач на фантастичното, ониричкото, надреалното. Дебитира со стихозбирката „Еден друг град“ (1959). Првиот негов роман го носи насловот „Вкусот на праските“ (1965), а првата негова збирка раскази „Знаци“ (1969). Урошевиќ ја претставува најкомпетентно т.н. трета генерација македонски поети преку антологискиот избор „Црниот бик на летото“ (1963), а потоа и со есеи и критики собрани под наслов „Врсници“ (1971).

    ДЕЛА: „Еден друг град“ (поезија, 1959), „Невиделица“ (поезија, 1962), „Вкусот на праските“ (роман, 1965), „Манекен во пејзажот“ (поезија, 1967), „Летен дожд“ (поезија, 1967), „Знаци“ (раскази, 1969), „Врсници“ (критики и есеи, 1971), „Ноќниот пајтон“ (раскази, 1972), „Ѕвездена терезија“ (поезија, 1973), „Нуркачко ѕвоно“ (поезија, 1975), „Сонувачот и празнината“ (поезија, 1979), „Мрежа на неуловливото“ (критики и есеи, 1980), „Лов на еднорози“ (раскази, 1983), „Компасот на сонот“ (поезија, 1984), „Нишката на Аријадна“ (критики и есеи, 1985), „Хипнополис“ (поезија, 1986), „Подземна палата“ (есеи, 1987), „Демони и галаксии“ (студија, 1988), „Панична планета“ (поезија, 1989), „Алдебаран“ (записи и патописи, 1991), „Митската оска на светот“ (критики и есеи, 1993), „Ризиците на занаетот“ (поезија, 1993), „Мојата роднина Емилија“ (роман, 1994), „Паники“ (поезија, 1995), „Дворскиот поет во апарат за летање“ (роман, 1996), „Париски приказни“ (записи и патописи, 1997), „Астролаб“ (критики и есеи, 2000), „Дива лига“ (роман, 2000); антологии: „Француска поезија – 20 век“ (1972), „Црна кула“ (1976), „Современа македонска поезија“ (на српскохрватски јазик, 1978), „Космос в амбар“ (на холандски јазик, 1980), „Кула“ (на узбечки јазик, 1981), „Големата авантура: францускиот надреализам“ (1993), „Шуми под море“ (кратката прозна форма во француската литература, 1994), „Златна книга на француската поезија“ (1996), „Седум француски поети“ (2001), „Избрани дела“ (2004).

  • Милован Стефановски

    Милован Стефановски

    Поет, раскажувач, преведувач. Роден на 26. 8. 1952 година во Ресен. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Професионално се занимавал со новинарство. Работел во Нова Македонија, во весникот Република и во Министерството за информации на Македонија. Во периодот од 1987 до 1991 година на универзитетот во Крајова (Романија) и Истанбул (Турција) предавал македонски јазик. Бил претседател на ДПМ. Член на ДПМ од 1980 година. Автор е на книгите: „Ѕид пред бескрајот“ (поезија, 1978), „Вардач крај Вардар (поезија, 1984), „Привремен распоред“ (поезија, 1991), „И паѓањето е лет“ (роман, 1994), „Потонски скали“ (раскази, 2000), „Летот на митската птица“ (поезија, 2000). Добитник е на повеќе награди.

  • Иван Џепароски
  • Никола Маџиров
  • Владимир Мартиновски
  • Глигор Стојковски
  • Зоран Анчевски
  • Виолета Танчева – Златева
  • Иван Џепароски

    Иван Џепароски

    Иван (Ивица) Џепароски (9 мај 1958, Скопје) е поет, филозоф, естетичар, критичар и преведувач. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје каде што магистрирал и докторирал. Автор е на дваесет и осум книги, и тоа: на шест поетски книги, на три поетски антологии, на тринаесет книги од областа на естетиката и на културната теорија и на шест теориско-есеистички избори. За своето творештво ги има добиено наградите „Млад Борец“ (1984), „Димитар Митрев“ (1993), „Парадигма“ (2009) и „Браќа Миладиновци“ (2016). Добитник е и на наградата „Григор Прличев“ (1993) за поетски превод. Работи на Филозофскиот факултет во Скопје како редовен професор по предметите: Естетика, Историја на естетиката и Филозофија на културата. Бил и е раководител на Институтот по филозофија (2004–2009; 2013–2020), раководител на постдипломските студии на овој институт (2009–2013) и секретар на македонскиот ПЕН-центар (1999–2001; 2008–2014). Се занимава и со превод: Вилијам Блејк, Џејмс Џојс, Јосиф Бродски, Дејвид Хјум, Едмунд Берк итн. Неговата поезија и некои од неговите есеи се преведени на над дваесетина стански јазици во светот, а избори од неговата поезија се објавени во одделни книги во Бугарија, Србија, Романија и Косово. Неговата книга „Македонскиот есеј“ е преведена на англиски, француски, германски, руски, шпански и на кинески јазик (2011–2016), додека книгата „Уметничкото дело“ (2018) на албански јазик. 

    Поетски дела: Слики од изложбата, Скопје: Наша книга, 1989; Еклоги; Скопје: Македонска книга, 1992; Песни, Скопје: Детска радост, 1998; Волја за мисла, Битола: Микена, 2008; Грабнувањето на Европа, Скопје: Дијалог, 2012; Светлината на Света Гора, Скопје: Магор, 2015. 

    Поетски антологии: Убави зборови (избор од современата јужнословенска поезија за деца), Скопје: Детска радост, 1994; (трето изд.) Скопје: Просветно дело, 2017; Антологија на солзите (избор и предговор), Скопје: МакеДокс, 2012; Арката на Ное: Поезија и Animalia (избор и предговор), Струга: СВП. 

    Преводи на странски јазици: Сега и тогава (съставителство, превод от македонски език Д. Христов), София – Скопје: Мултипринт – Макавеј, 2006; Will for Thought (Macedonian Literature in English, Vol. 82, Translation from Macedonian Ana Mitoska), Skopje: St.Clement of Ohrid, National and University Library – Skopje, 2011; Sedimente ale istoriei/Layers of History (bilingual poetry edition) Talmaciri din macedoneana de Dumitru M. Ion si Carolina Ilica, Bukuresti: Academia Internaţionalǎ Orient-Occident, 2012; The Light of Mount Athos (Translated from the Macedonian into English by Zoran Ančevski),Struga: Struga Poetry Evenings, 2017; Светлост Свете Горе (превео са македонског на српски Рајко Лукач), Београд: Граматик, 2018; Grabitja e Evropës (përktheu: Shkëlzen Halimi), Prishtinë: Armagedoni, 2020.

  • Никола Маџиров

    Никола Маџиров

    Никола Маџиров (27. 10. 1973 год. во Струмица) – македонски поет, есеист и преведувач. Дела: „Заклучени во градот“ (поезија, 1999), „Некаде никаде“ (поезија, 1999), „Асфалт, но небо“ (поезија, 2003), „Преместен камен“ (поезија, 2007). Добитник е наградите „Студентски збор“, „Ацо Караманов“, „Браќа Миладиновци“ и европската награда за млад поет „Хуберт Бурда“, која се доделува на автори родени во Централна и Источна Европа. Неговата поезија е преведена на повеќе јазици и објавувана е во неколку избори и антологии на македонската поезија. Координатор е за Македонија на меѓународната поетска мрежа Лѕриклине. Бил учесник на повеќе меѓународни поетски фестивали и добитник е на неколку меѓународни признанија и стипендии (Интернационал Њритинг Програм от Университѕ од Иоња; Куилтур Контакт ин Виенна; Интернатионалес Хаус дер Ауторен Граз; Литереатур Хаус НÖ).

  • Владимир Мартиновски

    Владимир Мартиновски

    Владимир Мартиновски (1974) e поет, раскажувач, книжевен теоретичар, преведувач.  Работи како доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот факултет, а докторирал на Универзитетот Париз 3 –  Нова Сорбона.

    Автор е на книгите: „Од слика до песна – интерференции меѓу македонската современа поезија и ликовните уметности“ (студија, 2003), „Морска месечина“ (хаику и танка, 2003), „Скриени песни“ (хаику, 2005), „И вода и земја и оган и воздух“ (хаику, 2006), „Споредбени триптиси“ (студии и есеи, 2007), „Les Musées imaginaires“, (студија, 2009), „Ехо од бранови“ (хаибуни, 2009), „Слики за читање – аспекти на екфразиската поезија“ (студија, 2009) и „Квартети“ (поезија, 2010). Ги приредил книгите: „Ut pictura poesis – поезијата во дијалог со ликовните уметности, тематски избор од македонската поезија“  (заедно со Нухи Винца, 2006) и „Метаморфози и метатекстови“ (заедно со Весна Томовска, 2008).

    Добитник е на прва награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“ за 2009 година, како  и на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2010 година.

  • Глигор Стојковски

    Глигор Стојковски

    Роден е во Волковија, Гостиварско, на 7. 8. 1952 г. Новинар, уредник, поет, публицист. Филозофскиот факултет (Југословенски книжевности) го завршил во Скопје. Работел во „Нова Македонија“ (1976-1999) како новинар, уредник на Културната рубрика и уредник на додатокот „Лик“ (1985-1998), новинар во „Утрински весник“ (1999-2001), главен уредник (2001-2007) и извршен директор на „Култура“. Автор е на повеќе книги поезија и публицистика. Преведуван на англиски, италијански, романски, бугарски, српски и хрватски јазик.

    Дела: „Починка во чисти честички“ (1979), „Пајак“ (1984), „Очно дно“ (1990), „Искрвавени мугри – како загина Кочо Рацин“ (1992), „Студена минута“ (1993), „Зад билката, молк“ (1995), „Земјата сама ќе се отвори (избор)“ (1996), „Заборавено око на небото“ (1997), „Капката оловна вода (избор)“, (2008).

  • Зоран Анчевски

    Зоран Анчевски

    Зоран Анчевски (1954) е поет, универзитетски професор, преведувач, есеист.

    Има објавено осум поетски збирки што се одлично примени од критиката, високо оценети и наградено со различни награди во земјата и во странство, како што се наградата „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга (1984), меѓународната награда „Џакомо Леопарди“ во Италија (2004), највисоката национална награда за поезија  „Браќа Миладиновци“ на СВП за Небесна пантомима, како најдобра поетска книга во 2018 година и др.. Исто така има објавено голем број есеи, критички осврти, и студија од доменот на книжевната теорија, За традицијата (2007). Приредил и превел на англиски јазик неколку антологиски избори македонска поезија и куса проза, а речиси да нема позначаен македонски или англо-американски поет што го не го превел на македонски или на англиски јазик. За неговарта преведувачко дело ја добил највисоката национална награда за превод „Греигор Прличев“ (2001).

                Избори од неговата поезија се преведени и објавени на над дваесет јазици во бројни и значајни странски списанија и антологии. Неговите Избрани песни на македонски и англиски јазик се објавени во 2011 година.

                Член е на Друштвото на писатели на Македонија, бил двапати секретар на македонскиот ПЕН центар и негов актуелен претседател, а раководел и со УО на СВП (2002-2007). Живее и работи во Скопје, Р. Македонија.

  • Виолета Танчева – Златева

    Виолета Танчева – Златева

    Виолета Танчева – Златева е родена на 25 април 1968 година, во с. Бориево, Струмица. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Југословенска книжевност. Пишува поезија, проза и есеи. Член на ДПМ од 2000 година. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга во 2015 година.
    Ги објавила следниве книги проза: „Книга за сонот“ (1992); „Враќања“ (1993); „Враќајќи се во Бориево“ (1999); „Шарени писма“ (2008); како и стихозбирките „Мојот Пикасо“ (2007); „Заробеници на молкот“ (2010); „Огнена“ (2011); „Нашата приказна“ (2013); „Година без лето“ (2015).

  • Веле Смилевски
  • Лулзим Хазири
  • Јовица Ивановски
  • Николина Андова Шопова
  • Глигор Стојковски
  • Вања Изова-Велева
  • Веле Смилевски

    Веле Смилевски

    Веле Смилевски е роден 1949 година во Ново Село, Демирхисарско. Поет, литературен критичар и есеист. Доктор по филолошки науки. Работи како научен советник ви Институтот за македонска литература и е професор на Студиите по новинарство на Правниот факултет во Скопје. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата и претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Член е на Македонскиот ПЕН центар. Бил уредник во издавачката куќа „Мисла“ и на списанието „Разгледи“.

    Автори е на поетските книги: „ Слика што согорува“, „Кафез“, „Диши длабоко“ „Одѕив на здивот“, „Гребнатинки“ и други.

  • Лулзим Хазири

    Лулзим Хазири

    Лулзим Хазири роден 1962 год., Гостивар, Македонија

    Објавени книги со поезија: „Песната се раѓа во самотија“ (Kënga lind në vetmi), Рилиндја, 1989 год., „Кога вратите се отвораат со ѕвона“ (Kur dyert hapen me zile), Ватра, 1995 год.,
    „Излез од Сафари“ (Dalja nga Safari), Брези 9, 2005 год., „Самотија обесена како број на порта“ (Vetmi e varur si numër në portë), Логос-А, 2015 год.

    Објавени книги со есеи и колумни: Албански рокенрол! (Rokenrolli shqiptar!), Шкупи, 2000 год., Црно и бело (Bardhë e zi), Носити Ш, 2010 год.

    Преведени книги: „Кога љубовта се троши како креда“ (превод на песни на македонски јазик), ГОТЕН, 2017 год.

    Песните му се преведени на англиски, француски, романски, хрватски и македонски јазик. Има објавено и неколку раскази. Активен во полето на заштита на човековите права.

  • Јовица Ивановски

    Јовица Ивановски

    Јовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на петнаесет книги поезија и неколку избори на македонски и англиски јазик. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, на Струшките Вечери на Поезијата за книгата „Човек“ (2019). Сè уште живее и работи во Скопје.

  • Николина Андова Шопова

    Николина Андова Шопова

    Николина Андова Шопова е родена на 1978 година во Скопје. Дипломира на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Објавувала поезија и хаику во повеќе списанија. Во 2013-та година ја објавува првата поетска книга, „Влезот е од другата страна“ (издание на „Темплум“), за која ја добива наградата „Мостови на Струга“ од СВП и УНЕСКО за најдобра дебитантска поетска книга. Истата е објавена и на англиски јазик. Во 2014-та ја објавува својата втора поетска книга, „Поврзи ги точките“ („Темплум“).

  • Глигор Стојковски

    Глигор Стојковски

    Роден е во Волковија, Гостиварско, на 7. 8. 1952 г. Новинар, уредник, поет, публицист. Филозофскиот факултет (Југословенски книжевности) го завршил во Скопје. Работел во Нова Македонија (1976-1999) како новинар, уредник на Културната рубрика и уредник на додатокот Лик (1985-1998), новинар во Утрински весник (1999-2001), главен уредник (2001-2007) и извршен директор на Култура. Автор е на повеќе книги поезија и публицистика. Преведуван на англиски, италијански, романски, бугарски, српски и хрватски јазик.: Починка во чисти честички (1979), Пајак (1984), Очно дно (1990), Искрвавени мугри – како загина Кочо Рацин (1992), Студена минута (1993), Зад билката, молк (1995), Земјата сама ќе се отвори (избор) (1996), Заборавено око на небото (1997), Капката оловна вода (избор) (2008).

  • Вања Изова-Велева

    Вања Изова-Велева

    Вања Изова-Велева е родена во 1972 година. Дипломирала  на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на групата македонска книжевност со јужнословенски книжевности. Магистрирала на Институтот за македонска литература, со звање м-р по културологија во книжевноста. Добитничка на следните награди: прва награда на манифестацијата „Празник на липите“, трета награда од „Меѓународното друштво за поезија“ (2005), втора награда на „25-тите Караманови средби“, награда во книгата „Гарави сокак“ на Деветнаесеттата меѓународна средба на поети во 2008, како и општинска награда „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченицци“ во Струмица, за посебен придонес во областа на културата и образованието во 2015. Нејзината поезија била објавена во голем број списанија на најразлични јазици. Нејзините песни се застапени во голем број поетски и прозни книги, а таа е автор на следните дела: Вентил во постоењето 1993, Смртта на рибата 1995, Зашиени грла 1997, Правта не зборува 2002, Плач во кутија 2007, Бездна угоре 2010, Неколку легенди за Струма 2011 (прозно издание), Позајмена прашина 2013, Жената и каменот 2013 (проза), Безмалку 2015 (избрана поезија) и Чекор по жица 2017. Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1995 година, член на интернационалното друштво на поети, член на претседателството на ДПМ 2000-2002 и 2002-2004 година, член на жири комисијата за наградата „Ацо Шопов“ во 2006 и 2008, и член на жири комисијата за наградата „Ацо Караманов“.

  • Агрон Туфа
  • Просперо Вега
  • Димитар Христов
  • Мартина Стракова
  • Јован Стрезовски
  • Веле Смилевски

    Агрон Туфа

    Агрон Туфа (роден во 1976, Соходол, Дибра, Албанија) – поет, писател и еден од најпознатите членови на албанската книжевна сцена. Го започнал работниот век како рудар на јаглен. Во 1989 бил победник на државен книжевен натпревар со циклус песни кои биле објавени во весникот „Гласот на младината“. По падот на комунизмот во Албанија, работел како селски учител една година, за потоа да биде примен на Филолошкиот Факултет на Универзитетот во Тирана во 1991 со препорака од албанската асоцијација на писатели и уметници. Таму, заедно со други млади поети, ја основале поетската група „E për7shme“. Тој бил одговорен уредник на „Гласот на младината“ од 1992 до 1994. По дипломирањето, студирал книжевност и превод на Институтот Горки во Москва, Русија

  • Просперо Вега

    Просперо Вега

    Просперо Вега е роден во Њујорк, и пораснал во Бруклин (Бушвик) во 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Тој е фотограф, режисер и писател. Неговите дела се објавени во антологијата „Ноќи во Бушвик“, а бил продуцент и режисер на кратки филмови кои биле прикажувани во странство како, на пример, „За една недела“, кој бил прикажан на Лондонскиот филмски фестивал (ВБ) и Филмскиот фестивал „Хавана“ (Куба), филмот „Мојата империја“ прикажан на Филмскиот фестивал „Трибека“ (САД), и филмот „Портите“ прикажан на Бруклинскиот филмски фестивал (САД), од кои последните два филма биле снимени заедно со Тед Цисилски, како и „Фамилијарен одмор“, прикажан на Филмскиот фестивал за латиноамерикански филм во Њујорк (САД). Неговата најнова книга „Момците од Луси“ е неговата прва белетристичка збирка песни. Дејството се случува во Бушвик кон крајот на деведесеттите години од минатиот век и почетокот на двеилјадитите години. Збирката е еден безрезервен приказ на животот во централното градско јадро на Бруклин, по смената на градоначалникот Џулијани. Во моментов, тој работи на документарно-есејски филм кој се снима на 35mm камера за неговото старо соседство и промените кои се случувале од неговото детство, а сега прераснале во тековниот хаотичен социјален и урбан предел.

  • Димитар Христов

    Димитар Христов

    Димитар Христов е поет, драматург и преведувач. Роден во 1957 година во Благоевград, Бугарија. Пораснал во Софија, каде дипломирал Филолгија на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Работел во Друштвото на писателите на Бугарија, бил менаџер на „Софикнига ЕЕОД“, претседател на Канцеларијата за млади писатели. Работи во Министерството за култура. Неговите дела биле наградени со наградата „Владимир Башев“ и наградата на Друштвото на писателите на Бугарија. Бил преведуван на руски, српски, албански, македонски, украински и полски јазик.

  • Мартина Стракова

    Мартина Стракова

    Мартина Стракова студирала културолошки науки и дипломирала на Факултетот за уметност на Универзитетот Комениус во Братислава. Подоцна била стипендист на неколку врвни германски универзитети, како и докторска титула по Филозофија. Од 2013 година, таа е ко-организатор на Меѓународниот фестивал на поезијата „Арс Поетика“, каде одржува бесплатна работилница за креативно пишување „Донесете ја вашата песна“, која е отворена за широката јавност како редовен дел од фестивалската програма. Таа е посветена на пишување поезија, бајки за деца, сликарство и уметнички превод од германски на англиски јазик и обратно. Дебитирала со својата поетска колекција наречена „Разгледници од невидливи места“ (Похјаднице z neviditeľných miest, Арс Поетика, 2019). Живее и работи во Братислава.

  • Јован Стрезовски

    Јован Стрезовски

    Јован Стрезовски е поет, раскажувач, романсиер, преведувач. Роден на 26 април 1931 година во струшкото село Подгорци. Заврши Филозофски факултет во Скопје. Работел како наставник во основно и средно училиште во округот Струга. Исто така како новинар во Радио Скопје. Долгогодишен директор на меѓународниот фестивал Струшки вечери на поезијата. Член на Здружението на писателите на Македонија од 1960 година. Наградуван со: „РТВ Скопје“, 11-ти октомври “,„ Столе Попов “,„ Гоцева Повелба “.

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©