ЗБОГУВАЊЕ СО САМОТИЈАТА, ЗБОГУВАЊЕ СО ПУСТЕЛИЈАТА, ИСЛАС КОМОРЕС, БРОД ОД ХАРТИЈА

ЗБОГУВАЊЕ СО САМОТИЈАТА

Втасав до крајот на осаменоста
На грбот нож од тага,
Се заканува да си одам пред да се вбоде.
Не знам зошто и како излегов на овој пат,
Веројатно постои почеток на оваа состојба;
И на крајот и јас се стркалав при оваа жетва,
Без да слетам нигде продолжив да летам
По сонот наречен жена.

Но, сепак животот е тој иксир (двигател) што ме обманува.
Иако мислам дека не ми даде мене било
Што оваа длабока промисленост
Циглите од кал кои ги направив
од суштинската кал отсечена од меридијаните
во сржта ми се суши
Болката лицето ми го лиже.

Ах, не е ова збогување, ниту чума, ниту пак грев!
Не е ова одење, повеќе ми личи на растурање на ова моево
Во прав од мозок и меморија.
Нека завршат веќе песниве, книгава, стаклениов глобус
Ако фантазијата е убиец на еден човек
телото ниедна вода не ќе му го однесе.

Превод од турски јазик Ерол Туфан

 

 

ЗБОГУВАЊЕ СО ПУСТЕЛИЈАТА

Човекот е едно обележје на тагата во степата,
Дрво претоварено со имажи, се ниша во долината на каењето;
По него иде рушевината, тенот се преобликува во леш.
Доаѓа ден и човекот излегува во пустелијата
Со длабока воздишка гледа кон себе,
Гледа кон зеницата на постојното;
На лицето има двоен дожд,
Којшто се испраќа кон трошната куќа на Бога.

Колку ли долго трае оваа напуштеност, колку ли безвремена е,
Нема ни последен шумол од казната или пак милосрдието.

Откако ќе излезе во степата, човекот прашува, зошто,
Зошто Бог кон нас е вака незинтересиран…

Човекот во пустелијата е само облак од прашина..

Превод од турски јазик Ерол Туфан

 

 

ИСЛАС КОМОРЕС

Едно од моите крајни точки е и сонцето
Своето срце го видов на една мапа од острови;
Не протекуваше – Боже – само приказание и скали
Беа доволни за да го раскажам качувањето
По обрачите на мојата фантазија.
Сум тргнал кон темнината: празна толпа,
Ах со лице свртено кон водите пустиот, закочениот јас
Сѐ уште не сум стапнал на островот на моето срце.

Кон островите! Да го испробаме нашето херојство
Во една безнадежна опсада!
Додека да втаса сонцето само сон!
Сништата ќе ни бидат ужинка!

Превод од турски јазик Ерол Туфан

 

 

БРОД ОД ХАРТИЈА

На Алпер Чекер

Како што патуваш, колку ли градови ќе најдеш во себе
Пазарите што ги чуваш во сеќавањето ќе ја откопаат твојата сенка
Од мртвите времиња на старите лета
Твоите одвоености ќе те препознаваат секаде
Твоите соништа ќе се обидат да те убедат
Дека немаш друг избор освен да ги следиш

Што и да видиш е старо, што и да допреш е недостижно
Како првиот пат кога ти недостасуваа
Не си се родил само за да се родиш
Во градовите каде пристигна како писмо што доаѓа оддалеку
Барајќи причина да умреш секој миг поради љубов

Пронајди ги аглите од твојата осаменост
Во степските градови раздвоени од река
Види дали има момче кое копнее да истече кон морињата
Изненадено дека Бог не може да направи брод од хартија

Си го направил она што си морал,
Си почувствувал апсолутна тага во парковите,
Си прашал за времето за плачење на плоштадите,
Си пристигнал пред љубовта на местото за рандеву.

Сега знаеш дека умираш секој миг
Дур градовите во тебе те повикуваат во пристаништата на сеќавањата
Така почнува љубовта за патување, и така завршува
Непостоечки брод, плови во непостоечко море

Како тишина, Аднан, конечно разбра ,
Еден ден во Сартаги, еден ден кај Амазонките,
Како што патуваш ќе ја најдеш празнината во тебе,
Не си се родил само за да бидеш роден,
Ќе го напишеш она што не го напишал друг патописец:

Нека Бог мисли, дали постои или не…

Превод од турски јазик Ерол Туфан

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©