Почина Фатос Арапи, добитникот на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2008 година

Познатиот албански поет Фатос Арапи, добитникот на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2008 година, почина на 89-годишна возраст.

Роден е 1930 година, студирал економија во Бугарија од 1949 до 1954 година, а потоа почнува да работи во Тирана како новинар. Наскоро, станува познат како поет и почнува со работа како истражувач на модерната албанска литература . Неговиот творечки опус се состои од 25 книги, меѓу кои има и неколку збирки на кратки раскази и две драми. Автор е на филозофски стихови, љубовна поезија и на елегии. Вниманието врз себе го свртува уште во далечнте 60-ти години од минатиот век, кога ги објавил збирките поезија  „Поетски патеки“ и „Поеми и стихови“. Со тие збирки внел елементи од светските книжевни текови и идеи во албанското творештво, што долги години било во стагнација. Во многу книжевни списанија неговата поезија е опишана како хармонија во која се спојуваат морските бранови и идеите за ослободување на индивидуата од стегите што врз творецот ги наметнуваат некои општества. Поради промените што ги пропагирал преку уметноста, често се соочувал со проблеми во време на комунистичкиот режим во Албанија. По падот на тој режим, Арапи го засилил своето творештво. Фатос Арапи е една од водечките фигури во поетското творештво во тој дел од Европа.

Како преведувач, ги има преведено на албански јазик делата на Сафо, Пабло Неруда и на Никола Јонков Вапцаров.

Се јавува и како приредувач на две антологии: „Песните на народот“ и „Антологија на турскиот стих“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©