Адам Загајевски – ПРОБАЈ ДА ОПЕЕШ ОСАКАТЕН СВЕТ

Пробај да опееш осакатен свет.
Не заборавај на долгите јунски денови
и на шумските јагоди, капките розе вино.
На копривите, кои методички ги обраснуваа
напуштените домаќинства на изгонетите.
Мораш да опееш осакатен свет.
Гледаше елегантни јахти и бродови;
еден од нив имаше долг пат пред себеси,
на другиот чекаше само солена ништост.
Виде бегалци кои одеа до никаде,
слушаше мачители кои радосно пееја.
Треба да опееш осакатен свет.
Сети се на миговите кога бевте заедно
во белата соба и завесата се заниша.
Врати ја мислата на концертот, кога бликна музиката.
Наесен збираше желади во паркот
а лисјата лудуваа над лузните од земјата.
Опеј осакатен свет
и сиво пердувче, изгубено од дрозд
и нежно светло кое талка и исчезнува
и се враќа.

Превод од полски јазик Звонко Димоски