Аднан Озер – ЗБОГУВАЊЕ СО ПУСТЕЛИЈАТА

Човекот е едно обележје на тагата во степата,
Дрво претоварено со имажи, се ниша во долината на каењето;
По него иде рушевината, тенот се преобликува во леш.
Доаѓа ден и човекот излегува во пустелијата
Со длабока воздишка гледа кон себе,
Гледа кон зеницата на постојното;
На лицето има двоен дожд,
Којшто се испраќа кон трошната куќа на Бога.
Колку ли долго трае оваа напуштеност, колку ли безвремена е,
Нема ни последен шумол од казната или пак милосрдието.
Откако ќе излезе во степата, човекот прашува, зошто,
Зошто Бог кон нас е вака незинтересиран…
Човекот во пустелијата е само облак од прашина..

Превод од турски јазик Ерол Туфан