Адонис – **

Си замислувам дека сум звук на пеење
се тркалам по бранови меѓу трската што шуми
се слевам со светлина во одајата на сонцето
под шаторите на дрвјата
се кријам
меѓу изворчиња понекогаш
а понекогаш слегувам по падините
на длабочини што не ги догледувам
Ах, љубов – извор
што тече попреку од височините на преморот