Алекс Сковрон – НЕБЕСНОТО ДРВО

На еден остров јужно од иднината откривме
дрво што расте надолу од небесата.
Не можевме да сфатиме како во небесната почва
пуштило корени, ниту пак како може вака
да виси, за влакно на дофат на палавковци
и авантуристи кои сигурно би се обиделе да го искачат
од чиста мира, или пак да му ја откријат тајната,
загубена во облаците на загубеното минато.
Под превртената широка крошна децата
би собирале печурки и би боеле волшебни сцени
со бои од ѕуница истиснати од светкави глобуси кои
лежат наоколу, зрели пуштени плодови од небесното дрво,
како што го крстија некои кочијаши кои минаа во близина,
носејќи свеќи во селцето преку реката –
гласовите им светнаа од возвратениот поздрав кога ние
возбудено им мавнавме, па се разврзаа да раскажуваат
нежни анегдоти од татковината зад ридиштата.
Особено еден од нив – крадел живи погледи од
мојата напредна сестра, која пак, несвесна
за нејзината мирисна привлечност, ги дуела образите
и се тетеравела под неодобрувачкиот поглед на небесното дрво:
нејзиното лудило го терало опинокот на таква смеа
и похотност што еднаш, дури ја бркал низ филигранот
на својата сенка, неговата душа, која се веела на ветрецот,
се подзакачила на врвот на небесна гранка која се нишала цврсто
небаре да ја заштити девицата, па големото дрво испушти
грчење толку очајно што земјата се стемни
под килимот на растуреното сеќавање,
и можевме да се заколниме дека небесата е готова да се сруши.

Превод: Елида Бахтијароска

mk_MKMK