Ален Брлек – Архитектура

Треба да се најде место, отворена намера
која не ускратува. Како браните
што ги градат дабрите. Треба
стомакот да се подигне кон небото, да се повика бог
да ја потпре главата, да проба да заспие.
Треба откажување од правите агли
и другото што не може да се допре,
да се преполови срцето со палците како јаболко во недоглед,
да се подели на децата.
Треба да се истресат, како јато птици во крошна,
луѓето во луѓе.

Препев од хрватски: Ѓоко Здравески