Ален Гинзберг – Зад стварното

Железничко депо во Сан Хозе
скитав осамен пред фабрика за тенкови
и седнав на клупа до караулата на свртничарот.
Еден цвет лежеше на сено на
асвалтот од автопатот – страотен сламен цвет од сено
помислив – имаше кршливо црно стебленце и
круничка со жолтеникави валкани боцки како неколку сантиметри долгата
круна на Христос, и калливо исушено памучно перче во центарот
како употребена четка за бричење што веќе цела година
лежела под гаража.
Жолт, жолт цвет, и
цвет на индустријата груб трнест грд цвет,
а, сепак, цвет, во форма на голема жолта
Роза во твојот мозок! Ова е цветот на Светот