Цела ноќ кукуригање на штурците.
Небото се обвиткува околу земјата.
Бог е близок и срдечно ги тапка
своите гости.
Светулките светат со 120 вати.
Од балконот на Јулија ги набљудувам животните.
Луѓе не живеат овде.
Не живеат ниту во куќите ниту во облакодерите.
Спијат во иницијалите на фирмата,
а потем од стрес слегуваат во земјата
каде собираат превртени плодови
од телефонските жици.
Превод од хрватски јазик Никола Кукунеш