Ана Брнардиќ – ТАЖАЛЕНКА

Би можела цело утро да искашлувам темни пајаци,
толку милите пријатели на несоницата, држачите на свеќи,
своите внатрешни битија.
На почетокот, бог не правел разлика: човек, риба, коприва.
Би ги отворил своите уткини очи и би гледал во проѕирната планина.
Наутро, темната модринка од небото се шири по телото.
Главата се врти околу сонцето и ја впишува својата старост
во дрвените листови.

Превод од хрватски јазик Никола Кукунеш

mk_MKMK