Ана Брнардиќ – ТЕМНИОТ ТЕЛАЛ

се појави насред камените скалила
во бела кошула од кринови
со двојно подолги прсти од моите посегна во џепчето
ми подаде хартија со песна
избегав од тебе, вели песната, за да дојдам до тебе
потоа избегавме од луѓето
во скромно кафуле нарачавме темно пиво
неговиот говор се запишуваше во пергамент од непроценливо значење
за историјата на човештвото
која бев јас? претворена во уво
во река која во сопствениот мев ловеше непознати риби
светлечки мотиви испредени во комплициран говор
кој беше тој? свечена пустинска птица
на која во кутија ѝ ги предадов своите усни, рамената
одевме еден кон друг долж езерото
а над водата зелена од умор и сина од напнатата тишина
распнале лимен костур
како исклучително системска вистина