Ања Кампман – СТРМ БРЕГ

речиси е недела
во карпите се заплеткуваат
волците, така звучи морето кое нè среќава
тркалањето на камењата напред неколку чизми
во карпата како се мијат брановите на воздухот
ветрот го дува во трк ’ртот просторот
за твојата мала меморија жолто
кога тие трчаа деца кои ги исплазуваат
своите јазици на дождот за да ги изучат од почеток
морето, солта, завивањето на ветрот
со пената надоаѓа бурно љубовта
во сите свои стари јазици.
 
Препев од германски јазик: Ксенија Чочкова