Антон Баев – VENI, VIDI, VICI

Дојдов со вера.
Видов со надежта.
Победив со љубов
девојко.
Каде дојде со вера?
Што виде со надежта?
Кого победи со љубов,
момче?
При себеси дојдов со вера.
Себеси се видов со надежта.
Себеси се победив со љубов
девојко.

Препев од бугарски јазик: Борче Георгиев