Ариан Лека – САМ

Длабока е самотијата во две чаши вино,
Еден црвен коњ и еден бел коњ,
Ништо не е како што изгледа,
Кога имаш сè, а немаш со кого да го споделиш.
За кратко ќе заврне и портите ќе се затворат,
кој влезе – влезе, зад нас не ќе остане никој.
Две чаши вино, еден црн коњ некаде длабоко.
Денес имам сè, ама немам со кого да го споделам.
 
Превод: Ресул Шабани