Ариел Шпиглер – Двајца кловнови

играат наземи за неколку парички,
затапени од сонцето.
Шпанецот речиси би се вивнал
на врвот од чадорот,
а другиот, со куферот отворен,
повторува за тивкиот круг луѓе
околу себе дека веќе нема што да изгуби.
Усните спремни за свирење
не свират, ама свеж валцер
му излегува од устата небаре гирланда, 
што ја закачува на малото уво
од девојка која мечтае покрај него.