Атила Вег – МЕТЕОР

Кој знае, од кога паѓам,
јас  догорче на Бога,
низ страшни сфери минав горејќи,
и сѐ уште не сум допрел земја тука,
каде што мувлосаните цвеќиња на историјата
го сликаат царството на големиот снег.
Сегашноста е една куќа во Сибир,
си седат во собата станарите,
се смрачува, гледаат телевизија,
метеорологот не предвидува снег,
неподвижен е самоварот од никел,
милостива е вечерта, чуда не се случуваат
телевизиското студио го заклучуваат,
на неговиот ѕид нема напишано:
„Запознај се себеси!“,
метеорологот одејќи  накај дома во колата
бучна, груба музика слуша,
на неговиот погреб ќе дојдат туѓи роднини,
од далечно, облачно место,
кога се покрива со излитениот покривач
размислува дека откога паѓа во него
еден метеор, за кој сѐ уште не нашол збор,
иако непредвидениот пат кроце
се ближи кон својот крај, разделбата е
жолто- зелена светлосна година,
остарен бус ги носи роднините,
чудни дијалектни зборови си разменуваат,
судирот е неминовен, прскаат искри од мисли,
но можеби само некој ќе запали цигара,
животот меѓу урнатини го бараат туѓинците,
не гледаат во небото.
 
Превод: Паскал Гилевски