Бетсимар Сепулведа – Море

Море,
да заминам кон сините синори на последните бранови
да си ги отворам вените за убавината на нивните суштества
белки ќе се спасам во леснината на нивната душа.
Да нурнам во недофатливата светлина од сол
кружното вознесување на кислородот
исчезнувањето на коските
со мир од алги в грло
и глас преплавен со пена
да потонам… едноставно
време не постои
само тишина
да се тоне…
 
…и секогаш морето.