Бране Мозетич – 28.11.1973

На 28.11.1973 во кино унион го гледав филмот кабаре.
го прераскажав и го оценив:
„Не знам во што е магијата на филмот па доби осум оскари“.
неколку месеци подоцна вресоци и шепнежи.
И последното танго во париз. Тогаш гледав многу филмови,
одев на недела на светскиот филм,
на манифест што следеше по белградскиот.
А пред сè со години составував музички топ-листи.
Сите мои музички идоли беа бунтовници.
ги преведував текстовите на дилан,
од стоп сечев слики на пејачи и ги лепев во тетратки.
понекогаш и фотка од некое згодно момче во гаќички за капење
што заталкала низ страниците. тогаш сите бевме бунтовници.
презиравме бракови, ни се блуеше од слика на семејство
што во недела со фичото оди на излет,
ги омаловажувавме парите, сè што беше поврзано со нив.
Чекоревме во износени партали врз работ на нештата,
барајќи меѓу себе мали енергии.
сè до револуцијата. или контрареволуцијата.
потоа енергиите се испоразгубија,
рабовите се урнаа, сите околу мене почнаа да се борат
за бракови, семејства, неделни излети со децата,
момчињата доаѓаа само за пари,
не се допираа благо со прстите,
не чувствуваа морници, не знаеја за што би се бореле.

mk_MKMK