Бранко Цветкоски – Молитвен веј


Дувни оваа ноќ
Откорни ја коронката од фитилот
Зборот да остане сам
Во тишината
Да си го најде запишувачот нем
И црната буква што дрочи
Во боските на темнината
Отвори очи
Демону зад пламенчињата
Овојпат нема да се разминеме
Незнаен лику мој
Ни останаа малку години
За галеж
За татнеж
Ајде во оваа глува планина
Без припек
Без ладнина
Повисоко крени го пердето
Влези
Во мојот молк-виделина