Бранко Цветкоски – ОД ИСТО ТЕСТО

Колку е мека обвивката
Од џагорот од јазици
Од ситната песок
И од кротките бранови
Како да се лелеат
Утрински етиди
На грчки, романски, бугарски
На руски, македонски и српски…
И на мелодични приморски припеви.
Ја подземам таа нежна прекривка
Од ветерот
Го лепам образот врз земјата
И чувствувам како веселите камчиња
Ми се потсмеваат
Со јазикот на гневот
И како наоколу од истото тесто
Расте карпата на страстите.
Се покривам и за кратко
Создавам темнина од денот.
Колку е студено сонцето
Што сè уште спие
Во срцето на песочните зрна!
Те молам,
Не порекнувај ништо од оваа приказна
Господи,
Дури и кога ќе ја прераскажуваш
На твојот дијалект!

mk_MKMK